Турско МНР: „Крајот на геноцидниот Нетанјаху ќе биде како оној на Хитлер“

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турското Министерство за надворешни работи утрово истакна дека „како што дојде крајот на геноцидниот Хитлер, така ќе биде и крајот на геноцидниот (израелски премиер Бенјамин) Нетанјаху“, јавува Анадолу.

„Како што геноцидните нацисти беа повикани на одговорност, ќе одговараат и оние што се обидуваат да ги уништат Палестинците“, се вели во соопштението на турското МНР.

„Човештвото ќе застане покрај Палестинците. Нема да можете да ги уништите Палестинците“, се додава.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на платформата X истакна дека „нашиот претседател стана глас на совеста на човештвото“.

„Оние што се обидуваат да го замолчат овој праведен глас, особено меѓународните ционистички кругови, вклучително и Израел, се во состојба на голема паника.“

„Историјата заврши на ист начин за сите извршители на геноцид и нивните поддржувачи“, додаде тој.

Главниот советник за надворешна политика и безбедност на турското Претседателство, Акиф Чагатај Килич, рече „додека нашиот претседател Ердоган стои покрај угнетениот народ, овие убијци ќе продолжат да лудуваат“.

„Тие веруваат дека со своите бесрамни и арогантни изјави можат да го замолчат нашиот глас што ги брани правдата и угнетените.“

„Нетанјаху и членовите на неговиот Кабинет, како и сите извршители на геноцид, ќе се најдат во кантите на историјата“, додаде тој.

Реакцијата дојде откако израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац упати клеветнички и навредливи изјави кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на социјалните мрежи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Нетанјаху ја одложи евакуацијата на 150 болни и ранети деца од Газа во ОАЕ

Следно

Респираторите косеа во пандемијата

Latest from Blog