Израелскиот Кнесет гласаше против формирањето палестинска држава

July 18, 2024
1 min read

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот парламент (Кнесет) рано утринава гласаше за усвојување на резолуцијата со која се отфрла формирање на палестинска држава, пренесува Анадолу.

Во резолуцијата, која беше усвоена со 68 гласа „за“, девет „против“, се наведува дека палестинската држава би била „егзистенцијална закана“ за Израел.

Предлогот го поднесе опозициската партија Нова надеж-Обединета десница и беше поддржан од неколку партии во коалицијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху и Партијата за национално единство предводена од поранешниот министер на Воениот кабинет, Бени Ганц.

Членовите на партијата Јеш Атид на опозицискиот лидер Јаир Лапид ја напуштија салата на Кнесетот за да избегнат поддршка за предлогот, за кој арапските членови на Кнесетот гласаа против.

Во предлогот се тврди дека формирањето палестинска држава „во срцето на Израел“ би претставувало „егзистенцијална закана за државата Израел и нејзините граѓани“.

Палестинците сè уште не го коментираа гласањето во Кнесетот.

Гласањето се случи неколку дена пред посетата на Нетанјаху на Вашингтон, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и ќе се обрати во Конгресот.

Палестинците се стремат кон основање независна држава во Појасот Газа и Западниот Брег со главен град Источен Ал-Кудс/Ерусалим.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Грција воведува „кризен“ данок за производителите на електрична енергија

Следно

Издаден налог за задолжително појавување на шефот на американската тајна служба пред комисија на Долниот дом на Конгресот

Latest from Blog

Јаневска: Образованието и науката не смеат да бидат фактор за иселување на младите, туку сфери за личен развој и вработување

Во 7 изминати години имаме 17 илјади ученици и 7 илјади студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина. За овие

Скопје доби ново летно кино на покривот на Сити мол

Скопје Сити Мол во партнерство со Синеплекс го отворија првото летно кино под отворено небо на покривот од трговскиот центар. Скопје е побогато за уште едно градско летно доживување, каде свечено беше отворено првото „Rooftop Open Air

Прилепскиот основен суд под лупа на ревизија на финансиското работење во 2023 година

Прилепскиот основен суд во поголем дел не доби позитивно мислење во врска со финансиските извештаи за 2023, а со резерва е прифатена нивната усогласеност. Ова е констатирано по ревизијата на финансиските извештаи

Ердоган: Сè поагресивните политики на Израел го загрозуваат регионалниот мир

ИСТАНБУЛ (АА) – Сè поагресивните политики на Израел под сегашната администрација го загрозуваат мирот и стабилноста во регионот, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. Тој ги даде овие изјави
Go toTop