Авионско прскање против комарци во Скопје на 12 и 13 јули

1 min read

Град Скопје соопшти дека на 12 и на 13 јули (петок и сабота)  во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци. 

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Градските власти апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Москва нема да се приклучи на евентуален самит за Украина, вели дека мировните предлози се игнорирани

Следно

Монт Еверест не може да се дочисти од ѓубре

Latest from Blog