Мицотакис и Ердоган согласни за мирна клима во билатералните односи

1 min read

Двајцата лидери се согласија за заемната корист од одржувањето на мирната клима во билатералните односи, како и за интензивирање на соработката за постигнување на целта за двојно зголемување на обемот на билатералната трговија, информираа од кабинетот на грчкиот премиер за средбата на Кирјакос Мицотакис со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон.

На средбата, Мицотакис и Ердоган разговарале за прашања од меѓународен и регионален интерес со акцентот на последните случувања на Блискиот Исток и во Украина, а ги разгледале и билатералните односи по нивната средба во мај во Анкара.

Премиерот се осврна на кипарското прашање, нагласувајќи дека 50 години по трагедијата од 1974 година, Кипар, земја-членка на ЕУ, не може да остане поделена и ја повтори потребата од одново почнување на разговорите за решавање на кипарското прашање, информираа од кабинетот на Мицотакис.

Паралелно според истите информации, грчкиот премиер го изразил своето задоволство за соработката со турските власти во борбата против нерегуларната миграција, а разговарале и за нивната следна средба во септември во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН.

На маргините на Самитот на НАТО се сретнав со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Имавме можност да направиме краток преглед на билатералните односи по нашата последна средба во мај годинава во Анкара, напиша Мицотакис на платформата Икс.

Извор: kurir.mk

Претходно

НАТО решителен за приемот на Украина, критики за Кина за поддршката на Русија

Следно

Шпанскиот премиер Санчез повика на единство на НАТО за Газа слично на единството за Украина

Latest from Blog