Уапсен маж осомничен за убиство на семејството на коментатор на Би-Би-Си

1 min read

Полицијата во Велика Британија денеска соопшти дека пронашла и уапсила маж осомничен за убиство на сопругата и двете ќерки на коментатор на Би-Би-Си и оти на осомничениот му е пружена медицинска помош поради здобиени повреди.

Полицијата во Хертфордшир во соопштението информира дека Кајл Клифорд бил пронајден во областа Енфилд во северен Лондон. Би-Би-Си потврди дека убиените жени се семејството на познатиот коментатор на радио трки Џон Хант, неговата сопруга Керол Хант и нивните ќерки Хана и Луиз.

– По опсежната потрага, осомничениот е лоциран и никој друг не се бара во врска со истрагата во овој момент, изјави инспекторката Џастин Џенкинс од Единицата за теши злосторства во Бедфордшир, Кембриџшир и Хертфордшир.

– Ова останува неверојатно тежок период за семејствата на жртвите и би побарале да се почитува нивната приватност додека се помируваат со она што се случило, додаде таа.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Цените на кафето ќе продолжат да се зголемуваат

Следно

ЦУК: Пожарот кај Оризари изгасен, а кај Грнчиште ставен под контрола, нема опасност од проширување кон населби

Latest from Blog