24 анализа – НАТО, ЕУ, билатералните односи со соседите и македонската надворешна политика

1 min read

На самитот на НАТО во Вашингтон беше договорено да не се разговара за билатерални прашања туку за пошироки теми, па оттука затоа може, но и не мора да има средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Целта е нашата делегација да ја претстави нашата земја како што доликува, вели Марија Митева пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

– Сметам дека е добро двајцата премиери да имаат билатерална средба и дека тоа е добро и за меѓусоседските односи и како две членки на Алијансата, коментираше Сања Лукаревска пратеничка од СДСМ во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

Митева во однос на можни билатерални средби со Шолц и некои други лидери, рече дека засега нема информации, но доколку дојде до тоа медиумите ќе бидат известени. Лукаревска, пак, коментира дека нам ни се потребни средби со другите членки на Алијансата за да создадеме поддршка за остварување на нашата друга стратешка цел, а тоа е членството во ЕУ.

– Верувам дека ако се отвори прашање за Договорот од Преспа како што изјави грчкиот премиер Мицотакис, битно е да се знае дека тоа е двостран договор па ќе треба да се види која од обете земји во колкав обем го има применето договорот. Евроинтегративниот пат е и наша цел, а од средбите што Мицкоски ги имаше во Вашингтон досега ќе имаме позитивен одек од тоа, вели Митева.

Лукаревска потсетува дека благодарение тој Преспански договор ние сме рамноправна членка на НАТО и седиме рамноправно на иста маса со големите сили. Митева, пак, смета дека во изминатите 33 години македонските власти имаат направено многу во насока на членството на НАТО и дека Преспанскиот договор не е единствена причина за нашето членство во НАТО.

 

Извор: 24vesti.mk

Претходно

СЕ Е ПОЗНАТО: Еве кога Мбапе ќе биде промовиран во Реал

Следно

Петмина повредени во пресметка меѓу англиски и холандски навивачи

Latest from Blog