Новак Ѓоковиќ без борба се пласира во полуфиналето на Вимблдон

1 min read

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на третиот овосезонски Грен слем, Вимблдон.

Српскиот тенисер денес требаше да се сретне со Алекс де Минор, во рамки од четвртфиналето, но без борба се пласира меѓу четирите најдобри тенисери на турнирот.

Алекс де Минор кој се пожали на повреда на зглобот по победата во претходното коло, реши да го предаде мечот против Новак без да излезе на теренот.

Српскиот ас во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Тејлор Фриц и Лоренцо Музети.

Извор: kurir.mk

Претходно

ПРОДУЦЕНТОТ НИКОЛА КИМОВСКИ Е НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР

Следно

Бројот на загинати во Газа достигна 38.300, уште 52 Палестинци се убиени во последните 24 часа

Latest from Blog