Мехмети за ТВ 24: Имаме големи промени на светската сцена поради нови глобални сили

1 min read

Ибрахим Мехмети во емисијата 24 Отворено рече дека го живееме моментот на репозиционирање на светските сили после Берлинскиот ѕид и сега е пред голем испит.

– Имаме големи промени на светската сцена не само поради интересите кои се менуваат, туку и поради глобалните сили кои се менуваат како што е Кина. Имаме и регионални сили коишто имаат поголема улога на светската сцена. Тешко е за НАТО да ги консолидира своите сили. ЦВнатре во НАТО има различни позиции и интереси, исто и во ЕУ. Некои од државите бараат своја шанса да се наметнат како играчи. Треба да расчистат со себе како ќе се однесуваат, зошто некои не знаат како да се позиционираат особено кога се работи за војната во Украина. – вели Мехмети.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Пленковиќ останува премиер на Хрватска, се откажа од мандатот во ЕП

Следно

ВИДЕО: „Подлиот јас 4“ со вртоглава заработка за само пет дена

Latest from Blog