Кој и зошто ги убива рибите во Брегалница?

1 min read

Забележани угинати риби по течението на река Брегалница, кај делчевско.

Самостојниот општински инспектор, Љупчо Симоновски за 24 вели дека утринава е направен увид, при што е утврдено дека не станува збор за помор на риби и вели дека причините за угинувањето можат да бидат многубројни, но како можни причинители ги посочи високите температури и намалениот водостој на реката, како и перењето и испуштањето на хемикалии од средствата за прскање што ги користат локалните земјоделци.

Од Спортско-риболовното друштво пак тврдат дека ова не е прв пат и дека речиси секоја година се случува истото, бидејќи не се казнува.

Инаку, во близина на угинатите риби во долниот тек на река Брегалница нема ниту индустриски капацитети, ниту пак фарми што би можеле да го предизвикаат еколошкиот инцидент, кој е забележан деновиве.

 

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Русија спроведува поморска обука за одбивање на нападите со беспилотни летала

Следно

Серхио Перез може да остане без договор со Ред Бул

Latest from Blog