Убиени се 16 Палестинци во израелските напади во текот на ноќта низ Појасот Газа

1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 16 Палестинци се убиени, а десетици други се повредени во серија израелски напади и гранатирање во текот на ноќта низ Појасот Газа, јавува Анадолу.

Локален медицински извор за Анадолу изјави дека седум лица биле убиени во израелското гранатирање на нивниот дом во бегалскиот камп Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа.

Шест други од семејството Мана беа убиени во воздушен напад на израелската Армија врз нивниот дом на улицата Ал-Џалаа, а уште тројца беа убиени во друг воздушен напад врз областа Лабабиди во градот Газа, објави палестинската официјална новинска агенција Вафа.

Во меѓувреме, медицинските тимови извадија дете и голем број повредени луѓе од под урнатините на погодениот дом во источниот дел на градот Газа, објави и Вафа.

Израелската Армија вчера им нареди на жителите во неколку населби низ градот Газа да ги напуштат своите области, а таа изврши рација во неколку области во источниот и јужниот дел на градот Газа.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа од 7 октомври минатата година.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во израелските напади се убиени повеќе од 38.200 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се 88.000.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Да не знаеш за што попрво да избегаш

Следно

Можно е во Газа да има преку 186.000 загинати!

Latest from Blog