Лидерите на ЕУ не се договорија за челниците на институциите на Унијата

June 18, 2024
2 mins read

Лидерите на Европската унија (ЕУ) на состанокот на 17 јуни не успеаја да се договорат за именување на нови шефови на европските институции.
Недостигот на договор го потврди и претседателот на Европскиот совет во заминување, Шарл Мишел.
„Наша должност е до крајот на јуни да ги договориме кандидатите за врвни позиции во ЕУ и стратешката агенда“, рече Мишел на крајот од работната вечера на европските лидери.

Се сметаше дека ова ќе биде меѓу полесните самити на ЕУ.
Шефовите на држави и влади требаше начелно да се договорат за имињата за кои веќе имаше неформален договор.
Сепак, сè се промени кога лидерите на тие земји или влади, кои доаѓаат од европскиот народен блок, побараа удел во функцијата претседател на Европскиот совет.
Претседателот на Европскиот совет го избираат лидерите на ЕУ за период од две и пол години, а мандатот може да се обнови само еднаш.
Откако постои институцијата Претседател на Европскиот совет, секој од нив помина низ два целосни мандати од вкупно пет години на чело на институцијата.
Според повеќе извори од средбата, Европската народна партија побарала мандатот на претседателот на Европскиот совет да се подели на два дела од по две и пол години, при што, Народната партија ќе добие еден од мандатите.
Се чини дека ова било главен камен на сопнување и причина да не дојде до договор на челниците.
Доколку се исполнат барањата на Народните партии за преполовување на мандатот на претседателот на Европскиот совет, тоа би било на штета на социјалдемократите, втората по големина партија во ЕУ, која потоа би останала без ниту една клучна функција во институциите по две и пол години.

Во принцип, лидерите требаше да се договорат за целиот пакет: името на шефот на Европската комисија, Европскиот совет и високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност.

На масата имаше три имиња; Урсула фон дер Лајен, која се надеваше на реизбор за шеф на Европската комисија, поранешниот португалски премиер Антонио Коста за претседател на Европскиот совет и естонската премиерка Каја Калас за нов шеф на европската дипломатија.

Имињата претставуваа политичка и географска рамнотежа. Германката Фон дер Лајен е член на Европската народна партија, Португалецот Коста е социјалдемократ, а Естонецот Калас доаѓа од групата либерали.
Ова се трите партии кои добија најмногу гласови на европските избори.
Дискусиите, лидерите ќе ги продолжат на крајот на следната недела кога ќе се одржи редовниот самит на ЕУ на 27 и 28 јуни.

Улогата на претседателот на Европскиот совет е да претседава со состаноци на ниво на лидери на ЕУ и да ја подобрува работата на Советот.
Претседателот ги обезбедува подготовките на состаноците на Европскиот совет и континуитетот на нивната работа и помага да се олесни кохезијата и консензусот.
Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика обично има двојна улога. Тој е еден од потпретседателите на Европската комисија, а има и улога на шеф на европската дипломатија.
Ова лице раководи со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Со своите предлози придонесува за обликување на заедничката надворешна и безбедносна политика и обезбедува спроведување на одлуките донесени од Европскиот совет и Советот на ЕУ.
Исто така, работи на градење консензус меѓу земјите-членки на ЕУ и нивните соодветни приоритети, вклучително и претседавање со состаноци меѓу министрите за надворешни работи на ЕУ, министрите за одбрана, министрите за трговија и развој.
Овие задачи во претходните пет години ги извршуваа Шарл Мишел, поранешен премиер на Белгија и Жозеп Борел, поранешен министер за надворешни работи на Шпанија.

Извор: slobodnaevropa.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дневен хороскоп за вторник, 18-ти јуни 2024-та

Следно

Илјадници Израелци протестираа против Владата на Нетанјаху, бараат размена на заробеници со Хамас

Latest from Blog

Земјотрес го погоди Санторини

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во 02:25 часот наутро во близина на грчкиот остров Санторини. Според податоците од Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина, епицентарот

Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со тешкотии при усвојувањето на законот на Трамп

Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со предизвици во обидот да го усвојат пакетот намалувања на даноците и буџетот од претседателот Доналд Трамп, кој инсистира законот да биде усвоен до утре, 4

Одбиено обвинението против кумановскиот градоначалник, обвинителството се откажа од обвинението

Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопшти кумановскиот суд. -Основниот суд Куманово заради интерес на јавноста

Руско беспилотно летало оштети станбена зграда во украинскиот град Одеса, пет лица се повредени

ОДЕСА (АА) – Најмалку пет лица, меѓу кои две деца, се повредени откако руско беспилотно летало погоди станбена зграда во Одеса рано утринава, соопштија локалните власти, јавува Анадолу. Олех Кипер, началник на
Go toTop