ДНК и Теа Трајковска имаат иста „Амајлија: Слушнете ја нивната нова песна

June 11, 2024
1 min read

Сѐ уште не стивнуваат реакциите за дует-песната “Животе Брате” на ДНК, која ја промовираа пред само неколку недели, а тие вчера на сите музички и социјални платформи објавија уште една нова песна.

Дека Панчо и Андреј работат со полна пареа е токму новата соработка. Овојпат со нивната колешка, младата Теа Трајковска.

Песната носи наслов “Амајлија”, чија музика е заедничка на Панчо и Лазар Цветкоски, додека аранжманот е дело на Лазе, а текстот пак го напиша Панчо.

Како и за останатите нивни песни, така и за оваа, тие снимија одличен видеоспот и тоа во еден од најубавите хотели во Златибор во соседна Србија, “21st Century Златибор”. Станува збор за инзвореден хотел кој за многу кратко време стана еден од омилените за престојување на ова популарно туристичко место.

“Точно е, снимањето на спотот се одвиваше во Златибор, поточно во ексклузивниот хотел кои го изградија нашите пријатели од” Адора” и да бидам искрен полесен спот досега немаме снимено. Тоа е поради одличниот пречек од персоналот на хотелот, бидејќи се што побаравме од нив тие ни го овозможија” – накусо изјавија момците од ДНК.

Покрај кадрите во хотелот, дел од спотот е снимен и низ убавините на ова познато туристичко место, како и ранчот “Зова”, кој е отворен за сите посетители.

Инаку како режисер на овој видеоспот се потпишува режисерот Даниел Јовески, со кого тие соработуваат веќе долги години…

Погледнете го спотот за” Амајлија”! на ДНК и Теа Трајковска..

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пакистанец проба да отвори геј клуб во Пакистан. Проба.

Следно

Маж се полеал со бензин и се запалил пред зградата на хрватската Влада

Latest from Blog

Израел уништи ирански бродови во Каспиското Море (ВИДЕО)

Војската, која исто така објави снимки од нападот, изјави дека според израелската војска, нападите уништиле иранска поморска корвета, четири ракетни чамци и неколку помошни бродови и стражарски чамци, заедно со команден центар

Ѓорѓиевски и Велковски по повод Рамазан Бајрам поделија пакети со прехранбени производи

Денес, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод големиот празник Рамазан Бајрам, подели над 50 пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед, во соработка со заменик министерот за социјална

Проданоски најави еко-акција за пошумување во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, го најави почетокот на нов проект за заштита на природата и создавање позелена животна средина. Со поддршка од Бирото за регионален развој, проектот „Пошумување на споменикот на
Go toTop