Скопјани, на два пункта, масовно донираат за настраданите во земјотресот

February 7, 2023
1 min read

По катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, скопјани се мобилизираа за да испратат помош за настраданото население, за да им се помогне на луѓето кои во овие студени денови остана без своите домови.

На плоштадот Македонија уште вчера е отворен пункт за донации, каде може секој, во рамките на своите можности, со својата помош да придонесе за семејствата погодени од земјотресот.

 Граѓани и компании постојано донираат облека, обувки, ќебиња, храна, вода и хигиенски производи.

Пункт е поставен и во старата скопска чаршија. 

Постарите скопјани кои го доживеале ужасот на катастрофата што го погоди нашиот град во 1963 година, но и помладите знаат колку е важно да се помогне во овие мигови и несебично помагаат. Помош за настраданите ветија и скопските општини.

Тие ќе испратат парична помош, чија сума ќе ја утврдат на вонредните седници кои ќе се одржат деновиве, но исто така понудија, доколку е потребно, и секаков друг вид помош за настраданото население.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Воведена тримесечна вонредна состојба во 10 турски провинции погодени од земјотресот

Следно

Костадиновска-Стојчевска: Во Охрид ќе отвориме канцеларија на УНЕСКО што е потврда на нашите политики за зачувување на статусот на Охридскиот Регион

Latest from Blog

ВИДЕО: Очевидци велат дека пожарот во барот во Швајцарија настанал од прскалки блиску до таванот, сопственичката била во објектот

Џесика Морети, сопственичка на барот „Ле Констелејшн“ во скичајкиот скијачки центар Кран-Монтана во Швајцарија, била во објектот за време на пожарот кој се запали на новогодишната ноќ, преживеала, и со изгореници е

Мицкоски: Без квалитетни образование и наука не можеме да јакнеме како нација и држава

Јас сум универзитетски професор и логично е дека образованието ќе биде еден од врвните приоритети, порача денес премиерот Христијан Мицкоски. -Ценам дека без квалитетно образование и без квалитетна наука, не можеме како

Серхио Рамос купува акции во поранешниот клуб?

Фото: Rayados @Rayados/Твитер Приказната околу продажбата на Севиља е далеку од својот крај и, според пишувањата на шпанските медиуми, доби неочекуван пресврт. По спроведената детална анализа на работењето на клубот, американските инвеститори
Go toTop