(ВИДЕО) Нов земјотрес во Турција, бројот на загинатите се зголемува, зимските услови го отежнуваат спасувањето

February 7, 2023
1 min read

По двата вчерашни разорни земјотреси се случиле уште најмалку 100 последователни потреси со интензитет од 4 или повеќе степени според Рихтеровата скала

Тешките услови и ниските температури ги попречуваат спасувачките напори во Турција и Сирија. Досега, според спасувачите, од вчерашните силни земјотреси загинати се најмалку 4 300 луѓе. Непознат број луѓе останаа заробени под урнатините, а земјотресите зад себе оставија илјадници повредени, како и оние кои останаа без покрив над главата додека цели станбени блокови беа срамнети со земја

Турските спасувачи извлекуваат жртви од под урнатини во Дијабакир/Фото: EPA-EFE/REFIK TEKIN

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала утринава е регистриран во централна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот е регистриран на длабочина од десет километри.

Овој потрес доаѓа еден ден по двата разурнувачки земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала што ја погодија јужна Турција и северозападна Сирија вчера, при што загинаа повеќе од 4 300 луѓе.

По овие, според Геолошкиот институт на САД се случиле уште најмалку 100 последователни потреси со интензитет од 4 или повеќе степени според Рихтеровата скала.

„Како што се зголемува времето од првичниот земјотрес, фреквенцијата и јачината на последователните потреси имаат тенденција да се намалуваат. Сепак, последователните потреси со јачина од 5 до 6 степени според Рихтеровата скала сè уште имаат ризик од дополнителна штета на структурите загрозени од првичниот земјотрес. Ова претставува постојана закана за спасувачките тимови и преживеаните“,

се наведува во извештајот од сеизмолозите.

Тешките услови и ниските температури ги попречуваат спасувачките напори во Турција и Сирија. Досега, според спасувачите, од вчерашните силни земјотреси загинати се најмалку 4 300 луѓе. Непознат број луѓе останаа заробени под урнатините, а земјотресите зад себе оставија илјадници повредени, како и оние кои останаа без покрив над главата додека цели станбени блокови беа срамнети со земја.

„Бројот на загинати може да се искачи на повеќе од 20 000 луѓе. За жал, секогаш го гледаме истото со земјотресите, а тоа е дека првичните извештаи за бројот на загинати или повредени значително ќе се зголемат во неделата што следи“,

изјави Кетрин Смолвуд, виш службеник за итни случаи на Светската здравствена организација за Европа.

Според турскиот министер за здравство Фахретин Коџа временските услови и размерите на катастрофата ги отежнуваат спасувачките операции во погодените подрачја.

„Нашите хеликоптери не можеа да полетаат поради временските услови. Снежно невреме зафати делови од Турција и Сирија, а температурите под нулата се предвидуваат за следните неколку дена. Најмалку 2 256 итни медицински работници пристигнаа во областите погодени од земјотресот досега“,

изјави министерот за здравство.

Најмалку 602 амбулантни возила и два медицински авиони се испратени од соседните градови. Исто така, испратени се 187 екипи на Турскиот национален медицински спасувачки тим (УМКЕ).

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на жртви во Турција и Сирија се искачи на 3 800, ЕУ активира посебен механизм за помош на двете земји

Следно

(ФОТО) По земјотресите во Турција, земјите од светот се мобилизираат за да помогнат во напорите за спасување

Latest from Blog

Видео: Авион се урна на писта на аеродром во Доминиканската Република

Две лица загинаа во недела кога приватен авион се урна на пистата на меѓународниот аеродром Ла Романа во источна Доминиканска Република, соопшти националната служба за цивилно воздухопловство. Пилотот и копилотот загинаа во

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Работната група за реформи во изборното законодавство денес ја одржа седмата седница, на која беа разгледани и анализирани предлозите, мислењата и забелешките доставени од надлежните институции, политичките партии, граѓанските организации и другите

Димитровски: Чесно и пред Советот на честа – спорниот текст на ТВ ТЕРА отстапува од Кодексот на новинари

Борче Димитровски, секретар на Општина Битола, напиша на социјалните мрежи дека Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија утврдил елементи на отстапување од Кодексот на новинарите во текстот на ТВ
Go toTop