„Фуриоза“ заработи само 32 милиони долари во првиот викенд

May 29, 2024
1 min read

Претпродолжението на „Лудиот Макс“ има разочарувачки почеток на американскиот „бокс-офис“. Во продолжениот празничен прв викенд, имено, филмот „Фуриоза“ заработи само 32 милиони долари – една од најниските заработки на киноблагајните во САД во овој продолжен викенд, од 1995 година досега. Пред 29 години, „Каспер“ заработи 22,5 милиони долари, пишува Би-би-си.

Сепак, „Фуриоза“ го надмина „Гарфилд“ (The Garfield Movie), кој заработи „едвај“ 31,1 милион долари.

Претходниот, 4. дел од сагата, „Лудиот Макс: Пат на бесот“ од 2015 година беше објавен во „обичен викенд“ и првично заработи околу 45 милиони долари во САД, а 380 милиони долари на ниво на светот во првите три дена прикажување.

Инаку, буџетот на „Фуриоза“ се проценува на 168 милиони долари. Се предвидуваше дека филмот ќе има барем сличен успех како „Пат на бесот“.

Приказната се одвива 15 – 20 години пред настаните на „Лудиот Макс 4“, кога Фуриоза била киднапирана од нејзиното мирно село како дете. Ања Тејлор-Џој ја глуми помладата верзија на воинката Фуриоза, која првпат ја глумеше Шарлиз Терон во претпоследниот филм. Сагата е за девојчето кое пораснало со своите киднапери Лорд Дементус (Крис Хемсворт) и Имортан Џо (Лаки Хјум) и кое како млада воинка тргнува во одмазда кон луѓето кои ѝ го уништиле животот.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Стотици палестински лекари исчезнаа во притвори

Следно

Амнести интернешнел: Повеќе од 1150 луѓе биле егзекутирани минатата година

Latest from Blog

ДЗР: Од 34 општини, гуп-овите на 22 не го исполнуваат стандардот за озеленетост од 25 м2 по глава на жител

Од 34 дури 22 oпштини не го исполнуваат препорачаниот стандард за зеленило од 25 метри квадратни по глава на жител. Ова го покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија на тема

Генералниот секретар на НАТО, Руте: Турција е цврст и способен сојузник

ИСТАНБУЛ (АА) — Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја нарече Турција цврст и способен сојузник, по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во турската престолнина Анкара, јавува Анадолу. „Разговаравме и

Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра

СВР Куманово  поднесе кривична пријава против Ф.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “измама” по член 247 од Кривичниот законик. Имено, Ф.С. како вработен во приватна фирма
Go toTop