Премиерот Џафери останува да ја извршува функцијата до избор на новата Влада

1 min read
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, кој е избран и за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, на Конститутивната седница на новиот парламентарен состав, најави дека ќе ја извршува функцијата премиер до изборот на новата Влада, и до тогаш нема да учествува во работата и одлуките на Собранието. Премиерот Џафери, се повика на Уставот, законите и досегашните пракси.
Во продолжение е дел од обраќањето на премиерот Џафери во Собранието на Република Северна Македонија.

 „Ја известувам јавноста да ги извести соодветните институции официјално дека како Премиер и како владин состав, врз основа на заклучокот на овој владин состав, ќе продолжам да ги вршам должностите и обврските што извираат од функцијата Премиер на земјата до изборот на идната Влада од овој владин состав, и нема да учествувам во работата на Собранието и со тоа, врз основа на Законот за спречување или превенција на корупција и заради спречување на корупција и конфликт на интереси, затоа што не може во исто време да носам две должности, две функции, и поради оваа причина, до изборот на идната Влада, нема да учествувам во работата на Собранието и во одлучувањето во Собранието, за да ги исполнам законските одредби на Законот за спречување на корупција и конфликт на интерес. Ова е за да се информираат сите, за да се надминат сите дилеми во однос на прашањето на понатамошното функционирање на институциите“.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Невреме во САД во јужните американски низини

Следно

Барди ќе ги пропушти дуелите против Хрватска и Чешка

Latest from Blog