Косово доби статус на придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО

May 27, 2024
1 min read

Собранието на Република Косово денеска доби статус на придружна членка во Парламентарното собрание (ПС) на НАТО, на сесијата на ПС што од вчера се одржува во Софија.

Веста, како што јави дописникот на МИА Приштина, ја објави пратеникот на владејачката косовска партија, Движење Самоопределување, Дритон Хисени, кој заедно со пратеникот од опозициската Демократска партија на Косово, Џавит Халити присуство на сесијата на ПС на НАТО во бугарската престолнина.

„Со одлука на Парламентарното собрание на НАТО, од денеска, 27 мај 2024 година, Собранието на Република Косово има статус на придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО. Унапредувањето на статусот доаѓа по неколкугодишна одлична соработка меѓу Собранието на Република Косово и Парламентарното собрание на НАТО … Бројните писма и континуираните напори на српската делегација, но и на другите политички актери во Белград не успеаја да го спречат Косово да го унапреди статусот.“, објави Хисени на неговата страница на Фејсбук.

Косово досега имаше статус на членка набљудувач во ПС на НАТО.

Според косовските медиуми, за прием на Косово како придружна членка во ПС гласале мнозинството членки на Алијансата, еден глас бил против а 14 земји биле воздржани.

Вчера делегацијата на Собранието на Србија преку писмо побара да не се унапредува статусот на Косово.

Во соопштението на српскиот Парламент се вели дека доделувањето на таков статус ќе биде „награда за Приштина“, која, според Белград, прави сè за да го спречи дијалогот меѓу двете земји со посредство на Европската унија и да ги избегне обврските од договорите постигнати во Брисел.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Масовна тепачка на настап на Тања Савиќ: Клубот е целосно уништен (ВИДЕО)

Следно

„Означувањето на обвинителот на МКС за ‘антисемитист’ е неприфатливо“

Latest from Blog

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop