До раните утрински часови во Атина се славеше европската титула на Панатинаикос

May 27, 2024
1 min read

Навивачите на Панатинаикос, кои не отпатуваа на „Фајнал фор“ на кошаркарската Евролига во Берлин и финалето со Реал Мадрид го следеа во Атина, веднаш по освојувањето на седмата европска титула славеа во центарот на грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина.

Сите патишта доцна синоќа водеа кон плоштадот „Омонија“, каде што илјадници поддржувачи на атинскиот тим славеа до раните утрински часови.

Делови на Атина беа речиси блокирани од автомобили што со развиорени знамиња и свирења се упатуваа кон центарот на градот, а навивачите првично се собраа пред стадионот на Панатинаикос.

Кошаркарите на Панатинаикос околу 14 часот се очекува од Берлин да пристигнат во Атина, а според најавите од аеродромот ќе заминат за Олимпискиот стадион каде што ќе бидат пречекани од навивачите.

Во вчерашното финале на Евролигата, Панатинаикос со 95:80 го совлада Реал Мадрид и ја освои седмата титула во историјата, прва по 2011 година.

Преку социјалните мрежи, грчкиот премиер, лидерите на партиите, министри од Владата, ја честитаа победата и шампионската титула на Панатинаикос.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пукање на „Пластичарска“, еден починат и двајца повредени

Следно

Почина Костадин Костадиновски – музички новинар, публицист, автор и основоположник на неколку значајни македонски фестивали

Latest from Blog

СДСМ: Муцунски за една година не покажа никаков  резултат, целосен дебакл на надворешната политика

На прес конференција на СДСМ, која што ја одржа Фатон Бејта од партиската Комисија за надворешни работи, е истакнато дека после една година од изборите и речиси цела година од мандатот на

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop