ФК Вардар преку бараж го обезбеди опстанокот во ПМФЛ

May 26, 2024
1 min read

Фудбалерите на Вардар и следната сезона ќе играат во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево го совладаа третопласираниот тим во второлигашката конкуренција Детонит Плачковица со  2-0 (2-0) во баражот кој се одигра во Струмица.

Победата која му донесе прволигашки опстанок на најтрофејниот македонски клуб ја навести Дејан Ѓуриќ во 42 минута, а само три минути подоцна предноста ја удвои Лука Шушњара.

Нови членови на ПМФЛ во сезоната 2024/25 ќе бидат дебитантот Беса и повратникот во прволигашката конкуренција Пелистер.

Во Втората лига се преселија Македонија Ѓорче Петров и Брегалница.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

АМСМ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Следно

НЕ Е ИСТАТА ЛИЧНОСТ ПО ОТКРИВАЊЕ НА БОЛЕСТА: Селин Дион во својот филм плаче, а ќе роните солзи и вие од тоа што го кажа – светот во шок! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop