Македонија е на врвот на листата на депортации од Германија

May 25, 2024
1 min read

Бројот на протерани лица од Германија годинава е значително поголем во споредба со минатата година. Во првиот квартал  годинава бројот на депортации е поголем за една третина, пишува весникот „Ноје Оснабрикер Цајтунг“, пренесува „Дојче Веле“.

Притоа, Македонија е на врвот на листата на депортации. Во првиот квартал од 2024 година од Германија биле протерани 483 граѓани на Македонија. Во текот на целата измината 2023 година биле депортирани 1.177 македонски граѓани. 

Од протераните 483 македонски граѓани во првиот квартал годинава, 233 биле жени и 227 малолетни лица.

На второ место по број на депортации е Турција, каде се вратени 449 граѓани. Потоа следат Грузија (416), Авганистан (345) и Србија (312).

Весникот, до овие податоци дошол откако германската партија Левица побарала одговор од германската влада за бројот на депортации на странци од земјата. Според нив, од јануари до март оваа година од Германија биле протерани 4.791 лице, или околу 34% повеќе во споредба со истиот период лани.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четири години по смртта на Џорџ Флојд се уште нема полициски реформи во САД

Следно

Вејн Руни на чекор да го преземе Плимут

Latest from Blog

„И екологија и рударство“: ЕУ поддржува нови проекти, Иловица со фонд од 30 милиони евра за рекултивација

Европскиот пристап кон критичните минерали покажува дека развојот на рударството и заштитата на природата не мора да бидат спротивставени цели. Доказ за зголемениот интерес е вториот повик на Европската Унија за финансиска

БРИСЕЛ ПОДГОТВУВА НОВ УДАР ВРЗ МОСКВА: ЕУ со најобемни санкции за Русија досега

Европската Унија подготвува нов, најобемен пакет санкции против Русија од почетокот на војната во Украина, кој се очекува да биде претставен оваа есен. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, најави

Проданоски: 20 години пријателство меѓу Прилеп и Тополчани, продолжуваме со нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, престојува во Тополчани, Словачка, по повод традиционалните „Денови на Тополчани“ и одбележувањето на 20-годишнината од соработката и збратимувањето меѓу Прилеп и Тополчани. Проданоски, кој е во
Go toTop