Врсничко насилство, како да се препознае и превенира, каде затајува општеството

May 22, 2024
1 min read

Дали „ќотекот од рајот е излезен“? Дали функционира синџирот професор-ученик-родител-институции за создавање на здрава клетка во општество? Кое дете се соочило со поголема траума, детето сторител на насилство или детето-жртва?

Кога станува збор за меѓуврсничко насилство, свеста е на повисоко ниво за разлика од претходно, но сепак и покрај бројните кампањи и програми-бројот на регистрирани случаи на меѓуврсничко насилство постојано расте. „Одлучувам, значи постојам“, мото со кое првата детска амбасада во светот Меѓаши, излегува со уште нова иницијатива за заштита на детските права.

Соработката со Народниот правобранител, општините, а воедно и градинките и училиштата ќе ги зајкнат капацитетите на индивидуално и институцијално ниво, преку вклучување на децата во самиот процес на одлучување. Одејќи во насока на согледување на слабите точки со цел надминување на културата на насилство која владее во општетсвото.

„Соработката со градоначалниците е добра, пројавуваат проактивен интерес, децата не сакаат да се разочараат по не знам кој пат од оние кои навистина треба да направат промена во заедницата. Тие се тука да бидат дел од промената, да учествуваат во процесот. Не сакаат да бидат декор на било која извршна власт, туку сакаат да бидат активни креатори, чинители на промената.“ – вели Драги Змијанац директор на прва детска амбасада Меѓаши.

За надминување на хуманото и нехуманото третирање на детското престапништво во заедницата, значајна улога има семејството, а неизбежна е и системска поддршка. Психолози, професори и ученици во вчерашната дебата на Тв 24, упатија апел дека возразните треба почесто да разговараат со децата и да ги исполнуваат нивните потреби, бидејќи на децата не им е потребно да им се исполнуваат само желбите, а да не добиваат поддршка и љубов. Иако не треба да се впери прстот кон родителите, сепак познавачите на проблематиката тврдат дека сепотекнува од семејството.

 

Одговорноста лежи кај сите алки од синџирот. Младите бараат градење на база на вредности, кон која ќе може сите да постапуваат и да ги градат своите односи и комуникација врз основа на таа база.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Норвешка, Ирска и Шпанија ќе ја признаат независноста на Палестина

Следно

Безбедноста на OpenAI отиде јабана

Latest from Blog

ДЗР: Од 34 општини, гуп-овите на 22 не го исполнуваат стандардот за озеленетост од 25 м2 по глава на жител

Од 34 дури 22 oпштини не го исполнуваат препорачаниот стандард за зеленило од 25 метри квадратни по глава на жител. Ова го покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија на тема

Генералниот секретар на НАТО, Руте: Турција е цврст и способен сојузник

ИСТАНБУЛ (АА) — Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја нарече Турција цврст и способен сојузник, по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во турската престолнина Анкара, јавува Анадолу. „Разговаравме и

Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра

СВР Куманово  поднесе кривична пријава против Ф.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “измама” по член 247 од Кривичниот законик. Имено, Ф.С. како вработен во приватна фирма
Go toTop