Костов во СТУДИО 10: Железницата е бизнис, а не политика, таа е скапа инвестиција, но долгорочно е исплатлива

May 22, 2024
1 min read

Македонската железница е во многу тешка состојба со години наназад. Таа е се уште во минатото наместо да биде во иднината. Ние се сеќаваме на времето кога Македонски железници функционираа за транспорт и на стока и на патници. Не би кажал дека свесно се уништувала компанијата Македонски железници, но е заборавена. Железницата во Европа е конкурентен превоз и дури и повеќе се користи одошто другите средства за транспорт. вели експертот за транспорт и логистика и поранешен директор на МЖ Транспорт Никола Костов во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Треба да се има стратегија и визија за железницата од страна на државата затоа што државата е носител на јавен транспорт. Треба да се вклучат сите чинители во општеството за да се реформира железницата. Основното прашање е дали сака или не сака оваа држава да има железница. Железницата е скапа инвестиција, но долгорочно е исплатлива. Скапа е во однос на поставување инфраструктура и купување возила. И треба да се инвестира во двете. Нови возови на стара инфраструктура е како да возите мерцедес на макадамски пат. Кај нас имаме нови возови, но тие не можат да возат според нивните поставки од 160 километри на час. Треба да се направи нова солидна инфраструктура и треба да се процени што е тоа што нам ни треба и со која брзина сакаме да се движат возовите, вели Костов.

Според Костов, за Македонски железници оптимално е да се направи инфраструктура за возови што ќе се движат со брзина од 160 километри на час. Тој вели дека новата инфраструктура ако се прави треба да се побараат надворешни експерти затоа што ние немаме такви.

– Кај нас во МЖ се примаат луѓе во администрација, а ни треба кадар за одржување на инфраструктурата. Кај нас се носат партиски и нестручни кадри, кои немаат знаење. Железницата е бизнис, не е политика, вели Костов.

 

 

 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Норвешкиот премиер објави признавање на Палестинската држава, Ирска тоа ќе го стори подоцна денеска

Следно

Трошоците за Украина не е лесно да им се објаснат на гласачите

Latest from Blog

Честитки за победата до Рама од Лајен, шефови на држави и влади

Победата на неделните парламентарни избори на албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама, му ја честитаа поголем број премиери, шефови на држави но и претседателката на Европската комисија, Урсула фон

Мицкоски: Следната недела ќе имам повеќе информации за моите делувања по излегувањето на Таравари од Владата

Премиерот Христијан Мицкоски пак одговарајки на новинарско прашање кажа дека следната недела ќе каже повеќе околу неговата одлука дали ќе чека Таравари и министрите сами да си дадат оставка или ќе ги

Костовски ги исполнува ветувањата: Бутел се претвора во зелена, чиста и уредна општина

Општина Бутел, на чело со градоначалникот Дарко Костовски, постојано ја покажува својата посветеност кон граѓаните преку реализација на секое дадено ветување. Пролетната акција за косење, чистење и уредување на зелените површини продолжува

Турскиот претседател Ердоган на онлајн состанок со лидерите на САД, Саудиска Арабија и Сирија

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес учествуваше на онлајн состанок со лидерите на Соединетите Американски Држави (САД), Саудиска Арабија и Сирија, јавува Анадолу. На состанокот присуствуваа американскиот претседател Доналд
Go toTop