Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата кој прими мито и одобри притвор за него

May 21, 2024
1 min read

Судскиот совет на синоќа итно свиканата 487 седница одлучи да му го одземе имунитетот на врховниот судија за примање на мито и одлучи да ја одобри мерката притвор што претходно беше побарана од Јавното обвинителство. Судијата е осомничен за примање поткуп од 10.000 евра.

„Се одзема имунитетот на врховен судија заради непречено водење на кривичната постапка. Се одобрува барањето за одобрување на мерката притвор за судија на Врховен суд поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје. Времено се одалечува од вршењето судиска функција, судија на Врховниот суд до правосилно решавање на кривичната постапка“, соопштија вечерва од Судскиот совет.

На итната седница свикана на полноќ, со сите 10 гласа за на присутните членови на Судскиот совет јавноста беше исклучена од распрвата дали на судијата на Врховниот суд ќе му биде одземен имунитетот зошто според Законот за Судски совет, расправата е од доверлив карактер и се води без присуство на јавноста.

Група истражители доцна синоќа вршеле претрес во канцеларијата на судијата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Судски совет ја исклучи јавноста од седницата за одземање на имунитет за притвор на судијата

Следно

Евгениј Поп Ацев примен во меѓународната „Куќа на славните“

Latest from Blog

Андоновска: Граѓаните низ цела Македонија со голема излезност во вториот круг, изборите фер и демократски

Граѓаните низ цела Македонија, во општините каде што има втор круг во голем број излегуваат на гласање, рече Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. „Досегашниот тек на изборниот ден, во рамките на вториот круг

Пред српското Собрание почна штрајк со глад мајка на дете загинато во падот на бетонската настрешница во Нови Сад

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, еден од жртвите изјави дека „останува во штрајк со глад и нејзините бањара се јасни“ „Сите одговорни за падот на бетонската настрешница мора да бидат гонети

Келн добитен против Хамбургер

Тимот на Келн во првиот од двата денешни дуели во Бундес лигата на домашен терен успеа да слави против Хабургер со убедливи 4:1. Во дуел во кој дојде до двојно водство по
Go toTop