Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор

May 20, 2024
1 min read

Ексшефот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, в четврток излегува од затвор под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело. Одлуката на Апелациониот суд следува по жалбата на Мијалков за одлуката на Кривичниот суд според која тој требаше да оди на условен отпуст кон крајот на годинава.

Скопска апелација ја прифатила жалбата на Мијалков на нејавна седница одржана на 14 мај, со што одлуката на Кривичен се преиначува, а поранешниот прв човек на УБК излегува од затвор за три дена отсега.

„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КР-84/24, на нејавна седница на ден 14.05.2024 година, донесе решение со кое ја уважи жалбата на осудениот С.М. од С. и решението на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи така што осудениот се отпушта на ден 23.05.2024 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст 25.04.2025 година, да не стори ново кривично дело“, стои во соопштението од Апелацискиот суд Скопје.

На почетокот на април годинава скопскиот кривичен суд донесе одлука за условен отпуст на ексшефот на УБК од 25 декември годинава, сè до 25 април следната година.

 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кремљ: „Крајот на мандатот на Зеленски не влијае на специјалната воена операција“

Следно

Нова Каледонија се крена против францускиот колонијализам

Latest from Blog

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop