ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Познатиот рапер брутално ја претепал поранешната девојка во хотел

May 18, 2024
1 min read

Раперот Паф Деди (Шон Комбс) во изминатите месеци неколку пати беше обвинет за разни видови на насилство.

Една од оние кои го обвини беше и неговата поранешна девојка Кеси Вентура, која го обвини за силување, насилство и принудување на односи со машки проститутки. Тој негираше сè, а во неочекуван пресврт на настаните, Кеси ја повлече својата тужба.

Сега Си-Ен-Ен објави вознемирувачка снимка од видео надзор, на која може да се види како пејачката набрзина оди боса низ ходник на хотел, а потоа раперот ја стигнува, ја фрла на подот и ја удира. За тоа време тој е покриен само со пешкир.

Адвокатот на пејачката се огласи по објавувањето на ова видео:

-Вознемирувачката снимка само го потврди вознемирувачкото и предаторско однесување на г-дин Комбс. Зборовите не можат да ја изразат храброста што г-ѓа Вентура ја покажа кога реши да излезе во јавноста со своето искуство, изјавил тој.

Парот беше во врска од 2005 година, кога Кеси сè уште беше тинејџерка, до 2018 година. Пејачката го тужеше раперот во ноември 2023 година, тврдејќи дека тој ја силувал, ја малтретирал и ја принудувал да има односи со машки проститутки.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија

Следно

Автобус излета во река во Кенија, загинаа 9, повредени се 17 лица

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop