ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста

May 17, 2024
1 min read

Поради страв за својата сигурност, претседателот и петмина членови на Државната изборна комисија во писмена реакција потпишана од Даштевски, Ристеска, Кондарко, Стојаноски, Ристовски и Демири, велат дека се загрижени од изјавите на политичките партии и високи владини функционери откако ДИК го поништил гласањето за седум избирачки места.

На реакцијата не е потпишана заменик претседателката Дитмире Шеху која во Државната изборна комисија ја претставува ДУИ.

„Покрај тоа што сме лично понижувани и навредувани, исто така како членови во највисоката институција за организирање и спроведување на изборите, сме изложени и на неосновани и непримерни јавни политички притисоци и на закани за кривична одговорност поради донесените одлуки на ДИК. Следејќи го контекстот и интензитетот на нападите, прозивките и навредите, исто така сме загрижени и дека е можно истите да преминат во лични напади на нашата сигурност“, се вели во известувањето од ДИК.

Од Европскиот фронт стигнаа  првите закани со кривична пријави за членовите на ДИК на денот кога комисијата почна со разгледување на приговорите. Техничкиот премиер Џафери вчера  обвини дека Државната изборна комисија спроведува изборен инженеринг зад кои стоел меѓупартиски договор за гласање и надгласување додека се разгледувале приговорите. Во својата рекација ДИК наведува дека процесот бил законски и поткрепен со образложени докази за поништување на гласањето за седум избирачки места.

„За ДИК се неприфатливи и недопуштени нападите, притисоците и мешањето на одредени политички партии и на поединци од техничката Влада во изборните процедури, како и во работата и одлучувањето на ДИК и на Управниот суд“, велат од Државната изборна комисија. 

За нападите и заканите  ДИК ја информирале и амбасадорката на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР со која се сретнале денеска.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Палестинските фудбалски претставници бараат суспензија на Израел од ФИФА

Следно

Артета: Оптимисти сме, сонот е жив

Latest from Blog

СДСМ: Муцунски за една година не покажа никаков  резултат, целосен дебакл на надворешната политика

На прес конференција на СДСМ, која што ја одржа Фатон Бејта од партиската Комисија за надворешни работи, е истакнато дека после една година од изборите и речиси цела година од мандатот на

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop