ОВАА САБОТА БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ВО МУЗЕИТЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА

May 17, 2024
1 min read

Утре (18 мај) влезот во музејските институции во земјава ќе биде бесплатен, во чест на Меѓународниот ден музеите, соопшти Министерството за култура. Мотото на годинашното одбележување е „Музеи за едукација и истражување“.

„Музеите, освен својот придонес како платформа за размена на идеи и знаења, имаат значајна улога во образованието и се афирматори на темите што денес силно го засегаат светот, а кои чекаат да бидат истражени и споделени“, велат од Министерството.

Меѓународниот ден на музеите традиционално се одбележува секоја година на 18 мај со цел промоција на значењето на музејските институции во современото општество. Денот посветен на музеите е востановен од Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ со седиште во Париз и се одбележува од  1977.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Белоусов човекот што треба да ја добие Украина

Следно

Гвардиола за мечот за титулата: Ќе биде тешко, како со Астон Вила пред две години

Latest from Blog

Алијанса за Албанците ја напушта Владата, Таравари: Одлучивме да се вратиме кај народот!

По околу два часа состанок, Алијансата за Албанците донесе одлука да ја напушти владата и да премине во опозиција.  Како што информираше Арбен Таравари, до оваа одлука дошле поради незадоволства, при што ги спомена балансерот и законот за јазиците.  Таравари меѓу другото рече дека ќе му се вратат на граѓанинот и дека Алијанса за Албанците е уникатна партија. ИЗВОР: ТВ 21

Гешоска во Аргумент плус: Потребна е поголема финансиска поддршка за Саемот на книга

Искра Гешоска претседателка на „Контрапункт“ во Аргумент плус рече дека, читачкиот пазар во Македонија е мал. Според неа, потребни се модели на финансирање со кои ќе се поддржи Саемот на книгата. „Покомплексен

Турскиот министер Фидан и американскиот државен секретар Рубио разговараа за билатералните односи и регионалните прашања

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, и американскиот државен секретар Марко Рубио денес разговараа за билатералните односи и регионалните прашања, вклучувајќи ги Сирија, Газа и Украина, соопштија турски

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде беа хоспитализирани повредените од пожарот во Кочани

Министерот Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде беа хоспитализирани македонските пациенти повредени во пожарот во Кочани Во рамки на дводневната работна посета на Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна
Go toTop