Ѓоковиќ: Никогаш нема да кажам кој е најдобар тенисер во историјата

May 16, 2024
1 min read

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ призна дека од почит кон сите шампиони не сака да го именува играчот што го смета за најголем во историјата.

Триесет и шестгодишниот Србин го држи рекордот за најмногу Грен слем титули во сингл кај мажите (24). Вкупно има 99 АТП титули (од кои 98 во сингл).

– Многу ми е тешко да имам ваква дискусија. Но, мислам дека кога станува збор за тенисот, се чувствувам добро кога луѓето зборуваат за тоа. На крајот на краиштата, колку повеќе луѓе се расправаат за ова, толку повеќе се зборува за нашиот спорт, што само му користи. Но, никогаш нема да кажам кој според мене е најдобар тенисер, тоа ќе им го препуштам на другите. Во основа ја земам оваа позиција од почит кон сите големи шампиони од сите генерации, рече Ѓоковиќ на поткастот „Good Trouble“.

Претходно, Ѓоковиќ во неколку наврати изјави дека негов главен ривал во кариерата е Рафаел Надал.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Неексплодирани убојни средства од Првата светска војна пронајдени во прилепскиот регион

Следно

Почина актерката Гудрун Уре, познатата Супер бабичка

Latest from Blog

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop