Османи им се пожалил на дел од странските амбасадори за компромитирање на изборите

May 15, 2024
1 min read

Министерот за надворешни работи во заминување Бујар Османи вчера во објава на Фејсбук информира дека се сретнал со амбасадори на четири странски држави. Во објавата Османи пишува дека пред амбасадорите на САД, Германија, Обединетото Кралство и Холандија изразил загриженост за компромитирање на изборниот процес. 

-Се сретнав со амбасадорите на САД, Германија, Обединетото Кралство и Холандија. Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес со самоволните одлуки на државната изборна комисија со цел да се украде изборната волја со правење политички инженеринг со одлуките за прегласување, пишува Османи во објавата на Фејсбук. 

Инаку, по одлуките на Државната изборна комисија за приговорите за изборните резултати, дел од коалициите најавија жалби до Управниот суд. Од 27 приговори што беа поднесени од партиите и коалиците, ДИК прифати седум, шест во петтата изборна единица и еден во шестата изборна единица. Против одлуката на ДИК, како што информираа оттаму, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. 

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ вчера најави дека до Управниот суд ќе ги обжали донесените одлуки за приговорите што се однесуваат за петтата и шестата изборна единица.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нетанјаху за предупредувањето од Бајден: Израел не е вазална држава, во Рафа ќе се случи тоа што е неопходно

Следно

Рудигер и Гундоган се најдоа во составот на Германија за Евро 2024 година

Latest from Blog

Прва вечер Евровизија 2025 со многу спектакл, Хрватска и Словенија не се пласираа во големото финале

Спектакуларно започна првата вечер на Евровизија 2025. Презентери на Евровизија 2025 се Хејзел Бругер и Сандра Студер. Хејзел е швајцарско-американска поетеса, а Сандра е швајцарска ТВ водителка и пејачка, која ја претставуваше

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата. Во рамки на седницата, како што соопштија, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски овластен да предложи нови кадровски решенија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата Во рамки на седницата, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да

Вечерва во Базел почнува Песна на Евровизија

Вечерва, 13 мај, во Базел почнува 69тото издание на Песна на Евровизија. Водителки на годинашниот избор ќе бидат Хејзел Бругер и Сандра Студер. Во првото полуфинале ќе се натпреваруваат 15 земји, а ќе
Go toTop