Авировиќ Бундалевска: Родителите треба да им објаснат на децата дека постојат различни модели на семејства

May 15, 2024
1 min read

Сите родители треба на своите деца да им објаснат дека постојат различни модели на семејства. Но, она што ние сметаме дека е важно, е тоа оти треба да има едукација за родителите. За да може да имаме едукација кај децата, пред сѐ, треба таа едукација да започне во семејството, смета професор доктор Ирена Авировиќ Бундалевска, раководителка на Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет во рамки на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Таа ја даде изјавата на денешниот настан по повод одбележување на Меѓународниот ден на семејството – 15 мај, одбележуван од страна на Обединетите Нации уште во 1993 година.

– Ученици од училиштето „Лазо Ангеловски“ денеска ќе изработуваат цртежи на тема семејство, како тие го доживуваат семејството, какви спомени, какви мисли им раѓа, потоа следува трибина за семејството. Пораката што сакаме да ја испратиме е дека семејството е многу важна заедница за нашето општество, дека е една средина во која треба сите членови меѓусебно да си пружат љубов и поддршка, дека треба да работиме на односите на сите членови во семејството, додаде Авировиќ Бундалевска во изјава за медиуми.

Таа одговарајќи на новинарско прашање, рече дека во денешно време, младите се одлучуваат да склучат семејства во поизминати години, за разлика од минатото. Бракот, како што појасни, не се склучува на рана возраст, во раните дваесетти, како што било случај некогаш, ами најчесто се одлага по триесеттата година. Таа информираше и дека има зголемен број на вонбрачни заедници во државава.

Тања Јосимовска, одделенски наставник во ООУ „Лазо Ангеловски“, нагласи дека има различни видови семејства. Според Јосимовска, денес е многу тешко не само да се биде родител, туку и да се биде наставник.

– Денеска сме поканети од Филозофскиот факултет од Институтот за семејни односи по повод одбележување на Меѓународниот ден на семејството. Семејството како една важна алка во општеството е многу битна за правилен развој на секое дете. Денеска сме дојдени да го одбележиме на начин што ќе ги поттикнеме децата што повеќе да се вклучат во активностите што ги работат дома со своите семејства, но, истовремено порака и до родителите – поминатото време со децата е најскапоценото нешто што некој може да го има, подвлече Јосимовска.

Деканот на Филозофскиот факултет, професор доктор Ратко Дуев изрази задоволство од денешниот настан и кажа дека овој ден го одбележуваат секоја година. Тој кажа и дека годинава, Институтот бележи 10 години постоење, а кај младите во државава има интерес за изучување на овие студии.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицотакис: Секогаш се стремиме кон добри односи со соседна Турција

Следно

Ова е влада

Latest from Blog

Барселона најде голман за наредната сезона

Ракометната секција на Барселона конечно го реши голманското прашање за наредната сезона Изборот на управата на каталонците падна на Барселона, одличниот исландски голман  Виктор Халгримсон кој доаѓа од редовите на Висла Плоцк.

Келог: Ако Путин дојде во Истанбул, доаѓа и Трамп

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, пензионираниот генерал Кит Келог, изјави дека САД се надеваат дека Владимир Путин ќе дојде на преговорите во Истанбул. Ако тоа се случи, рече

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Меѓународниот аеродром во Тирана, чии услуги  ги користат голем број македонски државјани објави „итно известување“ за патниците кои треба да патуваат на 15 и 16 мај. Раководството на аеродромот ги советува патниците

Прва вечер Евровизија 2025 со многу спектакл, Хрватска и Словенија не се пласираа во големото финале

Спектакуларно започна првата вечер на Евровизија 2025. Презентери на Евровизија 2025 се Хејзел Бругер и Сандра Студер. Хејзел е швајцарско-американска поетеса, а Сандра е швајцарска ТВ водителка и пејачка, која ја претставуваше

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата. Во рамки на седницата, како што соопштија, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,
Go toTop