Грвала: Нацртот на ЕУ за ЗСО без де факто признавање на Косово од Србија е тројански коњ како Република Српска во БиХ

May 14, 2024
1 min read

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала-Шварц, изјави дека вадењето на нацртот на Европската унија за Заедницата на општините со српско мнозинство во Косово од пакетот договори со Србија е многу опасно и дека нацртот има смисла само ако Србија де факто го признае Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Грвала во денешното интервју за Сири ТВ рече дека премиерот Албин Курти на средба со лидерите на Германија, Франција и Италија, Олаф Шолц, Емануел Макрон и Џорџија Мелони, понудил да се потпишат трите договори во пакет заедно со Србија, вклучувајќи го и нацртот за Заедницата.

Шефицата на косовската дипломатија нагласи дека Косово стои на дадениот збор и е подготвено да го спроведе целиот пакет договор, доколку Србија ги преземе своите обврски.

„Доколку Србија може да го прифати пакетот како целина, можеме и ние да го одржиме нашето ветување. Во спротивно, извлекувањето на тој нацрт од тој пакет е премногу ризично. Нацртот што ни го претставија нашите партнери има смисла само доколку Србија де факто го признае Косово, во спротивно тоа е тројански коњ исто како Република Српска во Босна и Херцеговина. Затоа секогаш стоиме на зборот што го дадовме, подготвени сме да го спроведеме целиот пакет доколку и Србија ги преземе своите обврски. Толку за таа работа со Заедницата“, рече Гервала.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o

Следно

Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ

Latest from Blog

ДЗР: Од 34 општини, гуп-овите на 22 не го исполнуваат стандардот за озеленетост од 25 м2 по глава на жител

Од 34 дури 22 oпштини не го исполнуваат препорачаниот стандард за зеленило од 25 метри квадратни по глава на жител. Ова го покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија на тема

Генералниот секретар на НАТО, Руте: Турција е цврст и способен сојузник

ИСТАНБУЛ (АА) — Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја нарече Турција цврст и способен сојузник, по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во турската престолнина Анкара, јавува Анадолу. „Разговаравме и

Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра

СВР Куманово  поднесе кривична пријава против Ф.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “измама” по член 247 од Кривичниот законик. Имено, Ф.С. како вработен во приватна фирма
Go toTop