Стано: Во Европа нема место за негирање на геноцидот во Сребреница

May 14, 2024
1 min read

Во Европа нема место за доведување под сомнеж, негирање или релативизација на геноцидот во Сребреница, порача денеска главниот портпарол на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано во одговор на новинарско прашање за ставот на ЕУ за Предлог-резолуцијата за Сребреница во ОН.

-Кога станува збор за Сребреница и прашањето за геноцидот во Сребреница позицијата на Европската Унија и на нејзинините институции е многу јасна и таа се повторува секој јули на годишницата од овој ужасен настан во европската историја. Не се доведува во прашање фактот дека во Среберница имаше геноцид, изјави Стано.

Тој потенцира дека прашањето дали во Сребреница имало геноцид или не е работа на мислење, туку станува збор за одлука на меѓународни законодавни тела за поранешна Југославија.

-Тие многу јасно кажаа дека во Сребреница и изврешен геноцид и тоа треба сите да го прифатат и почитуваат, потенцира Стано.

На прашање како ЕК го коментира фактот дека еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји не реагирал додека на заедничка прес-конференција со него српскиот претседател Александар Вучиќ го негирал геноцидот, Стано го повотори ставот на ЕУ во однос на ова прашање, додавајќи дека тој став го споделува и еврокомесарот Вархеји и дека го повторувал во повеќе свои изјави изминативе години.

-ЕУ нема да толерира никого меѓу нејзините членки или меѓу нејзините претставници, кој се обидува да го негира и релативизира геноцидот или да глорификува воени криминалци. Тоа е нешто што им го пренесуваме и на земјите и партнерите кои сакаат да станат дел од ЕУ. Очекуваме сите политички актери од Западниот Балкан да се воздржат од активности и реторика кои може да го доведат во сомнеж европскиот став или да се сфатат како негирања на ужасните работи што се случија во Сребреница, додаде Стано.  (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кога ќе се спојат лазањи и палачинки, настанува ова вкусно јадење

Следно

Катар: Израелската операција во Рафа го одложи прекинот на огнот

Latest from Blog

Ќе се основа Факултет за медицински науки и здравство при Битолскиот универзитет

Денеска на 74-тата владина седница разгледана и усвоена е информација за потреба за основање Факултет за медицински науки и здравство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Како што велат од Владата,

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува да го преземе Министерството за здравство – во игра Клековски и Андоновска?

Арбен Таравари официјално ја напушти владината коалиција, со што неговиот мандат како министер за здравство наскоро ќе заврши. Веќе се појавуваат шпекулации за тоа кој ќе го наследи на оваа позиција. Иако

ДЗР: Од 34 општини, гуп-овите на 22 не го исполнуваат стандардот за озеленетост од 25 м2 по глава на жител

Од 34 дури 22 oпштини не го исполнуваат препорачаниот стандард за зеленило од 25 метри квадратни по глава на жител. Ова го покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија на тема

Генералниот секретар на НАТО, Руте: Турција е цврст и способен сојузник

ИСТАНБУЛ (АА) — Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја нарече Турција цврст и способен сојузник, по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во турската престолнина Анкара, јавува Анадолу. „Разговаравме и
Go toTop