Кога ќе се спојат лазањи и палачинки, настанува ова вкусно јадење

May 14, 2024
1 min read

Состојки:

10 палачинки

За сос од Болоњезе:

500 гр мелено месо
1 голем кромид
2 чешниња лук
1 голем морков
500 мл сос од домати
Сол, бибер, оригано, босилек
По желба лажица брашно

За бешамел сос:

70 гр путер
2 лажици брашно
600 мл млеко
Сол, бибер
150 гр пармезан сирење

Дополнително:

300 гр рендана гауда

Подготовка:

Подгответе ги палачинките според стандардниот рецепт.

На малку маснотии пропржете го кромидот, па додадете го меленото месо. Зачинете по желба. По 10 минути додадете моркови исечкани на коцки и варете околу половина час.

Додадете го пасираниот домат, намалете ја топлината и варете уште половина час. Пробајте и додадете зачини по желба. Ако сакате малку погуст сос од месо, измешајте една лажица брашно во малку млака вода и додадете го месото.

Подгответе го бешамел сосот. Во путерот пропржете го брашното и тргнете го садот од оган. Додадете го млекото со постојано мешање за да не се формираат грутки. Вратете на оган, зачинете и на самиот крај додадете пармезан.

Секоја палачинка прекријте ја со сос од месо и превиткајте ја на класичен начин.

Се ставаат во сад подмачкан со путер, се прелива многу бешамел, се покрива со алуминиумска фолија и се пече половина час во рерна загреана на 200 степени.

По половина час извадете ја фолијата и додадете рендано сирење и печете уште 10 минути.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Селими назначен за селектор на фудбалската репрезентацијата до 17 години

Следно

Стано: Во Европа нема место за негирање на геноцидот во Сребреница

Latest from Blog

СДСМ: Муцунски за една година не покажа никаков  резултат, целосен дебакл на надворешната политика

На прес конференција на СДСМ, која што ја одржа Фатон Бејта од партиската Комисија за надворешни работи, е истакнато дека после една година од изборите и речиси цела година од мандатот на

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop