Алонсо: Предавањето на трофејот во Леверкузен ќе биде исклучително посебен настан

May 14, 2024
1 min read

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо ги сподели своите емоции по серијата на неговиот клуб од 50 натпревари без пораз на сите турнири.

– Предавањето на трофејот во Леверкузен ќе биде исклучително посебен настан. Играчите играа со огромна концентрација цела сезона, и јас сум многу горд на нив, изјави Алонсо, цитиран од официјалниот сајт на Бундеслигата.

Избраниците на Алонсо на 12 мај го совладаа Бохум на гости во натпреварот од 33. коло во Бундес лигата – 5:0. Баер сега има 50 натпревари без пораз во низа.

„Фармацевтитре“ станаа третиот тим во историјата на европскиот фудбал кој стигнал до бројката од 50 натпревари без пораз. Претходно тоа го постигнаа Селтик (52 натпревари од 1915 до 1917 година) и белгискиот Унион (60, 1933-1935).

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ИРАНСКИОТ РЕЖИСЕР РАСУЛОФ, ОСУДЕН НА 8 ГОДИНИ ЗАТВОР, ПРЕБЕГНА ВО ЕВРОПА ПРЕД ПРЕМИЕРАТА НА НОВИОТ ФИЛМ ВО КАН

Следно

ЦЕЦА ПО ТРЕТ ПАТ СТАНА БАБА – Вељко ја објави среќната вест, но откри и дека се предомислиле за името на наследникот, нема да се вика Илијан! (ФОТО)

Latest from Blog

Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра

СВР Куманово  поднесе кривична пријава против Ф.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “измама” по член 247 од Кривичниот законик. Имено, Ф.С. како вработен во приватна фирма

Потврдена четвртата последователна победа на коалицијата предводена од Рама на албанските избори

Четврти последователен мандат за Еди Рама и најубедлива победа за социјалистите по падот на комунистичкиот режим. По преброени 95 отсто од гласачките ливчиња, владеачката социјалистичка партија освои 82 мандати, со предност од

Турскиот претседател Ердоган ја повтори поддршката за прекинот на огнот меѓу Русија и Украина

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја повтори поддршката за прекинот на огнот меѓу Русија и Украина, истакнувајќи дека НАТО не треба да биде дел од војната, јавува Анадолу.
Go toTop