ИРАНСКИОТ РЕЖИСЕР РАСУЛОФ, ОСУДЕН НА 8 ГОДИНИ ЗАТВОР, ПРЕБЕГНА ВО ЕВРОПА ПРЕД ПРЕМИЕРАТА НА НОВИОТ ФИЛМ ВО КАН

May 14, 2024
1 min read

Иранскиот режисер Мохамед Расулоф, кој во својата земја беше осуден на осум години затвор, изјави дека пребегнал во Европа во пресрет на премиерата на неговиот нов филм на Канскиот фестивал.

Пристигнав во Европа пред неколку дена по долго и комплицирано патување“, кажа Расулоф.

Минатата недела, неговиот адвокат Бабак Пакнија изјави дека режисерот е осуден на осум години затвор и камшикување и дека државата ќе му го заплени имотот. Пакнија додаде дека Расулоф е казнет за снимање филмови и за потпишување изјави.

Иранските власти досега ја немаат објавено казната за 51-годишниот Расулоф, ниту го коментираа неговото бегство. Тој и други уметници потпишаа писмо во кое се бараше од властите да го положат оружјето за време на демонстрациите во иранскиот град Абадан во 2022, во кои загинаа 29 луѓе.

Расулоф освои Златна мечка на Филмскиот фестивал во Берлин во 2020, а неговиот следен филм „Семката на тајната смоква“ ќе има премиера во Кан на 24 мај.

Знаејќи дека набрзо ќе се прошири веста за мојот нов филм, без сомнение знаев дека мојата затворска казна ќе биде зголемена. Немав многу време за одлука и со тешко срце избрав егзил. Бидејќи државата ми го одзеде пасошот во септември 2017, морав да го напуштам Иран тајно“, изјави Расулоф.

Тој сега се наоѓа на непозната локација и не се знае дали ќе дојде на премиерата во Кан.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Крволочниот сенатор бара Газа да биде Хирошима

Следно

Алонсо: Предавањето на трофејот во Леверкузен ќе биде исклучително посебен настан

Latest from Blog

СДСМ: Муцунски за една година не покажа никаков  резултат, целосен дебакл на надворешната политика

На прес конференција на СДСМ, која што ја одржа Фатон Бејта од партиската Комисија за надворешни работи, е истакнато дека после една година од изборите и речиси цела година од мандатот на

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop