Гитара на Ерик Клептон оди на аукција, почетна цена од 300.000 до 400.000 фунти

May 14, 2024
1 min read

Стара гитара, со којашто британскиот музичар Ерик Клептон ја компонирал својата позната балада „Wonderful Tonight“, ќе биде понудена на наддавање во јуни.

Легендарниот гитарист го купил жичаниот инструмент во средината на 1970-тите. Во соопштението на аукциската куќа „Бонам’с“ се наведува дека гитарата ќе биде понудена со карактеристичното оштетување од цигарите коишто Клептон ги оставал меѓу жиците на инструментот.

„Тој ја користел оваа гитара при компонирањето неколку песни, вклучувајќи го и хитот од 1977 година за моделот Пети Бојд. Според кажувањата, Клептон ја напишал песната ‘Wonderful Tonight‘ додека ја чекал Пети Бојд да се подготви за забава”, соопшти „Бонам’с“. Во известувањето се додава и дека акустичната гитара „Мартин 000-28“ од 1974 година има и налепница со натпис: „Таа е вљубена во човекот за родео“ (She’s in Love with a Rodeo Man), алудирајќи на хитот на кантри-музичката ѕвезда Дон Вилијамс.

Клептон ја продаде гитарата на хуманитарна аукција во 1999 година. На 12 јуни инструментот повторно ќе биде понуден на наддавање во Лондон, Велика Британија, со почетна цена од 300.000 до 400.000 фунти (349.000 до 466.000 евра).  (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мбапе објави емотивен пост по добивањето на титулата најдобар играч во Лига 1

Следно

Дневен хороскоп – овој знак ќе добие сериозна главоболка од проблемите кои ги очекуваат денес, а еден знак особено да размисли пред да каже нешто!

Latest from Blog

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop