ДИК усвои три приговори на ВМРО-ДПМНЕ, прегласување ќе има во Охрид и во Крушево

May 13, 2024
1 min read

Државната изборна комисија на денешната седница го прифати приговорот во врска со парламентарните избори на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ за три избирачки места. Прегласување ќе има на избирачкото место 1272 во општина Охрид, како и на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево.

Како што посочи претседателот на ДИК, Александар Даштевски, по извршеното пребројување за избирачкото место 1272 во Охрид, било утврдено дека записникот не е правилно пополнет, а имало и корекција во делот на гласачите внесени со рачен внес.

 

Против приговорот гласаше само потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, која укажа дека бројката на гласачи се совпаѓа со бројот на потписи. Таа појасни дека забелешката за резултатите од ова гласачко место всушност се однесува на записникот 16 во делот 4 кој е погрешно пополнет, а тоа е, вели, грешка која ја има речиси кај сите избирачки одбори.

Во Крушево, приговорите за двете избирачки места се усвоени поради несовпаѓање на бројките од записникот со оние од уредот за биометриска идентификација.

Претходно ДИК прифати еден приговор на коалицијата „Вреди“ кој се однесува на гласањето на избирачкото место 2102 во Желино. Како што пишува во приговорот, тој е поднесен бидејќи 110 гласачи кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во уредот за отпечаток од прст, туку гласале само со матичен број и со скенирање на личната карта.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Жиру потврди дека ја продолжува кариерата во САД

Следно

Македонија од третиот шешир ги чека ривалите за СП 2025

Latest from Blog

Трамп пристигна во Катар, втора станица од турнејата низ Персискиот Залив

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Катар, негова втора станица од турнејата низ Персискиот Залив по посетата на Саудиска Арабија, пренесува Анадолу. Авионот на Трамп слета на Меѓународниот аеродром

Муцунски во Луксембург – потпишана Меѓународната конвенција за заштита на професијата адвокат

Од Стокхолм, каде што оствари работна посета на Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, отпатува за Луксембург, каде учествуваше и се обрати на 134-та сесија на Комитетот на

Тихомир Јанчовски ја објави стихозбирката „Пеколот е мало место“

Во поетската едиција на Книгоиздателството „Макавеј“ е објавена стихозбирката „Пеколот е мало место“ на поетот Тихомир Јанчовски. Како што информира „Макавеј“, „Пеколот е мало место“ се надоврзува на претходниот поетски опус на

Честитки за победата до Рама од Лајен, шефови на држави и влади

Победата на неделните парламентарни избори на албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама, му ја честитаа поголем број премиери, шефови на држави но и претседателката на Европската комисија, Урсула фон
Go toTop