Фолк фест „Валандово“ ќе се одржи на 26-ти мај

May 13, 2024
1 min read

Триесет и седмото издание на Фолк фест „Валандово“ ќе се одржи на 26 овој месец на Фестивалската сала „Јанко Узунов“, а ќе бидат исполнети 20 новосоздадени македонски песни.

Ова беше соопштено на денешната прес-конференција што се одржа во Валандово, на која беа споделени информациите за Фестивалот и до каде се подготовките за ова издание.

Според градоначалникот на Валандово Перо Костадинов, подготовките течеле во најдобар ред.

-Фолк фест „Валандово“ не е само валандовска гордост, туку и национална, македонска вредност, а нема македонска веселба која поминува без песни кои се испеани и коишто што почнале на оваа фестивалска сцена во Валандово. Затоа, како градоначалник на Општина Валандово ги повикувам пред се граѓаните на Општината за да бидеме, пред се, гостопримливи, но и сите наши гости од целата држава да присуствуваат и да му дадат еден посебен шарм на нашиот водечки фестивал во државата, рече валандовскиот градоначалник.

Тој информираше дека пред главната фестивалска вечер е планирано да се одржат две предфестивалски вечери на Градскиот плоштад на 24 и 25 мај.

-На овие вечери ќе настапат Драган Мијалковски, Перо Христов, Влатко Лозановски, Кирил Џајковски, Игор Џамбазов и „Ареа“ и имаме програма за сите вкусови, рече Костадинов.

Уметничкиот директор на Фестивалот, Живоин Глишиќ, информираше дека на Јавниот конкурс пристигнале повеќе нови песни, а жирито одбрало 20.

-Сметам дека тоа што го направивме и од тоа што го нудиме е само продолжување на сето што го направивме досега на Фестивалот, односно ова е петта година како овој уметнички и директорски состав го правиме Фестивалот и сметаме дека направивме едно големо искачување на одредено ниво на Фестивалот, рече Глишиќ.

На денешната прес-конференција со жрепка беше одреден редоследот на настапите на исполнителите, а наградите се доделуваат со гласање на публиката во салата и стручното жири.

И годинава водители на Фолк фест „Валандово“ се Ирена Спировска и Ѓорги Калајџиев, со директен пренос на главната фестивалска вечер на МРТВ. (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

КК БУТЕЛ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА!

Следно

Четири сигурни знаци кои покажуваат дека сте родени еден за друг со вашиот партнер

Latest from Blog

Прва вечер Евровизија 2025 со многу спектакл, Хрватска и Словенија не се пласираа во големото финале

Спектакуларно започна првата вечер на Евровизија 2025. Презентери на Евровизија 2025 се Хејзел Бругер и Сандра Студер. Хејзел е швајцарско-американска поетеса, а Сандра е швајцарска ТВ водителка и пејачка, која ја претставуваше

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата. Во рамки на седницата, како што соопштија, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски овластен да предложи нови кадровски решенија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата Во рамки на седницата, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да

Вечерва во Базел почнува Песна на Евровизија

Вечерва, 13 мај, во Базел почнува 69тото издание на Песна на Евровизија. Водителки на годинашниот избор ќе бидат Хејзел Бругер и Сандра Студер. Во првото полуфинале ќе се натпреваруваат 15 земји, а ќе
Go toTop