ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори

May 13, 2024
1 min read

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на пладне ќе одржи седница на која се очекува да ги разгледува и одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори.

За изборните резултати до ДИК се поднесени 27 приговори, девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ,  пет од СДСМ и четири од Левица.

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски на седница на ДИК посочи дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места.

Од  Европскиот фронт предводен од ДУИ оценија дека со поднесени приговори до ДИК од други политички партии за нерегуларности на избирачки места во изборните единици 5 и 6 се прави обид да им се одземат два пратенички мандата.

Извор: alsat.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Агенциите за давање отказ сѐ побарани во Јапонија

Следно

Крвави апсења во Тбилиси на протестот против контроверзниот закон

Latest from Blog

МВР со апел: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир!

„На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“ – велат од МВР. „Сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат

Македонскиот јазик во медиумите, тема на научна конференција

Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска  ќе се одржи 29. Меѓународен научен собир на тема „Јазикот во медиумите (состојби, предизвици, перспективи)“, во рамки на традиционалната манифестација „Денови на Благоја Корубин“.

Британија сака да го намали бројот на илегални мигранти од Западен Балкан

Велика Британија ќе ги засили своите напори во борбата против криминалните мрежи од Западен Балкан кои овозможуваат илегални миграции, изјави синоќа премиерот Кир Стармер, неколку дена откако најави голем број реформи кои
Go toTop