Почнаа преговорите за новата влада, средба ВМРО-ВРЕДИ

May 11, 2024
1 min read

Преговорите за формирање влада се движат во вистинската насока. Ова е коментарот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој заедно со потпретседателите на партијата, престојуваше над два и пол часа во канцелариите на коалицијата ВРЕДИ, каде се разговараше за формирање на владата, беше пречекан од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари, Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши.
Мицкоски не даде детали за тоа дали на средбата се разговарало за поделба на ресорите или за прашањето на уставните измени. Најави дека јавноста ќе биде информирана преку соопштение.

Од коалицијата не соопштија детали за средбата, туку само изјавија дека разговорите се одвиваат во вистинска насока.

„Како што сте сведоци и денес, во канцелариите на ВРЕДИ беа претставници на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ,на средба за започнување преговори со лидерите на коалицијата ВРЕДИ. Преговорите се одвиваат во вистинска насока и подоцна ќе ја информираме јавноста со деталите”, рече Башким Бакиу, коалицијата ВРЕДИ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера оствари средба со претставници на партиите од коалицијата „Твоја Македонија“, со кои заедно настапија на парламентарните избори. Заменик претседателот на партијата, Тимчо Муцунски, во интервју за Алсат вели дека на средбата се разговарало за трите главни постулати на следната влада, а тоа се економскиот развој, владеењето на правото и патот на интеграцијата на земјата во Европската Унија. Истите постулати ќе бидат дел од преговорите со коалицијата ВРЕДИ./Алсат.мк

Суад Бајрами

Извор: alsat.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВО НЕДЕЛА Е МАЛ ВЕЛИГДЕН: На една недела по најголемиот празник се слави Томина недела, еве зошто е значаен овој светец

Следно

Деспотовски: Најдобар одговор на обвинувањата од Мицкоски, се резултатите кои слободните економски зони ги постигнуваат

Latest from Blog

Британија сака да го намали бројот на илегални мигранти од Западен Балкан

Велика Британија ќе ги засили своите напори во борбата против криминалните мрежи од Западен Балкан кои овозможуваат илегални миграции, изјави синоќа премиерот Кир Стармер, неколку дена откако најави голем број реформи кои

Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски

Олимпискиот победник oд Токио заврши зад решетки!

Олимпискиот шампион во борење, Кајл Снајдер, е уапсен во Колумбус, Охајо, како дел од полициска акција насочена кон сузбивање на проституцијата, соопштија локалните власти. Снајдер е меѓу 16-те лица приведени откако се

Руската делегација пристигна во Истанбул за преговорите со Украина

ИСТАНБУЛ (АА) – Руската делегација денес пристигна во Истанбул како подготовка за претстојните преговори со Украина, според руската државна новинска агенција Тасс, пренесува Анадолу. Не се дадени дополнителни детали за составот на
Go toTop