ФОТО: Пирс Броснан непрепознатлив, што се случува со актерот?

April 26, 2024
1 min read

Со целосно бела и ретка коса, темно сина тренерка и остарено лице, на многу луѓе би им требало време да го препознаат поранешниот Џејмс Бонд, Пирс Броснан.

Во моментов, актерот работи на снимањето на филмот „Џинот“, во кој е прикажаната приказната на едно од најважните пријателства во историјата на боксот, а една од главните улоги ја толкува Пирс Броснан.

splashnews

За новиот проект, Броснан ја презеде улогата на Брендан Ингл – боксерскиот тренер роден во Ирска, кој го водеше британскиот боксер Насим Хамед по патот до најуспешните.

Актерот е фотографиран на сетот, а додека јавноста е навикната да го гледа во скроени одела во улогата на агентот 007, 70-годишниот актер таквите изданија ги замени за сина тренерка на Адидас.

splashnews

Шминката и облеката го трансформираа во Ингл, заедно со ретка и седа коса. Подигнувајќи ги тупаниците откако ја видел камерата, Пирс бил расположен на филмскиот сет во Јоркшир.

splashnews

„Џинот“ ќе ја следи животната приказна на Насим, кој има британско-јеменско потекло, додека тој се пробива низ светот на боксот за да стане една од најпознатите британски спортски ѕвезди на сите времиња.

Приказната ќе го следи од неговите скромни почетоци во работничката класа Шефилд и необичниот тренинг низ кој поминал со Ингл за да постигне меѓународен успех.

Во текот на 80-тите и 90-тите, Насим мораше да се соочи и да ја надмине неконтролираната исламофобија и расизам за да доминира во рингот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Лазаров го објави поширокиот список за баражот со Фарски Острови

Следно

Агенција за супервизија на осигурување: Неоправдано е поскапувањето на полисите за автомобилско осигурување

Latest from Blog

Овие 3 ситуации во домот покажуваат дека му се ближи крајот на бракот: Проблеми што не се ни забележуваат

Бракот не е само правна или емотивна заедница – тоа е секојдневно заедничко живеење, каде што малите навики и начини на однесување можат да станат огледало на состојбата на односот. Честопати тоа

Политикологот Божиновски: Овие избори во Карпош се многу поинакви од 2021-та и 2013-та, тогаш Јакимовски имаше поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и изборите имаа поширок политички контекст

Карпош е многу специфична општина, јас сум од Карпош, каде што генерално е многу потешко да манипулираш со жителите, особено затоа што тие многу често знаат да гласаат и за независни листи,

Нови контејнери низ Битола – „Комуналец“ со акција за почист град

Јавното претпријатие „Комуналец“ Битола продолжува со активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во градот, поставувајќи нови контејнери за селектирано собирање отпад на повеќе локации. Со оваа акција се овозможува полесно и поефикасно

Трамп: Ги прекинуваме сите трговски разговори со Канада, користеле лажна реклама

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги прекинува сите трговски разговори на САД со Канада откако владата на најнаселената канадска покраина Онтарио емитуваше реклама во која американскиот претседател Роналд Реган зборува негативно
Go toTop