Македонија е петта по ропство

April 24, 2024
1 min read

Модерното ропство е скриено пред наши очи и длабоко е испреплетено со животот во секој агол на светот, пишува фондацијата „Walk Free“ која го изготвува Глобалниот индекс на ропство. 

Секој ден, луѓе биваат измамени или принудени во експлоататорски ситуации кои не можат да ги одбијат или да ги напуштат.  Секој ден, ние ги купуваме производите или ги користиме услугите што тие биле принудени да ги прават или нудат без да ја сфатиме скриената човечка цена.

Се проценува дека речиси 50 милиони луѓе живееле во модерно ропство секој ден во 2021 година, што е зголемување за 10 милиони луѓе од 2016 година.

„Модерното ропство ја ткае нашата облека, ја осветлува нашата електроника и ја зачинува нашата храна. Во неговата суптина, модерното ропство е манифестација на екстремна нееднаквост. Тоа е огледало за секоја власт. Никаде овој парадокс не е поприсутен како во нашата глобална економија преку транснационални синџири на снабдување“, вели основачката директорка на Walk Free, Грејс Форест.

Извештајот ја нагласува улогата што ја играат земјите од Г-20 во поттикнувањето на принудната работа во рамките на глобалните синџири на снабдување, вклучително и принудната работа наметната од државата. Г-20 опфаќаат повеќе од половина од сите луѓе кои живеат во модерно ропство и увезуваат 468 милијарди долари нивни  производи годишно.

Модерното ропство има многу форми и е познато по многу имиња. Во суштина, тоа се однесува на ситуации на експлоатација кои едно лице не може да ги одбие или да ги напушти поради закани, насилство, принуда или измама.

Модерното ропство вклучува принудна работа, принуден или сервилен брак, должничко ропство, присилна комерцијална сексуална експлоатација, трговија со луѓе и продажба и експлоатација на деца. Во сите негови форми, тоа е лишување на слободата на една личност – неговата слобода да прифати или одбие работа, слобода да остави еден работодавач за друг или слобода да одлучува дали, кога и со кого да стапи во брак.

Македонија, за жал, високо се котира. Веднаш после Турција, Таџикистан, Русија и Украина.

Блескаме.

* повеќе

 

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

РЦУК: Повеќе скопски населби утре без струја

Следно

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Latest from Blog

Познатиот турски древен локалитет Ѓобеклитепе главна атракција за туристите од цел свет

ШАНЛИУРФА (АА) – Ѓобеклитепе, древно светилиште во Југоисточна Турција и заштитено подрачје на УНЕСКО, стана главна атракција за туристите од цел свет, зацврстувајќи ја својата улога како темел на регионалниот и националниот

Пред посетата на САД, израелскиот претседател го повика Нетанјаху да постигне договор за прекин на огнот во Газа

ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот претседател Исак Херцог денес го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да постигне договор за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници пред неговото патување во

Мицкоски: Орце Ѓорѓиевски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција објави дел од кандидатите за градоначалници. Меѓу нив, објавен е и кандидатот на партијата за градоначалник на Град Скопје. Орце Ѓорѓиевски – Град

Русија тврди дека презела контрола врз уште две населени места во украинските региони Донецк и Харков

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија денес соопшти дека презела контрола врз уште две населени места во украинските региони Донецк и Харков, во рамките на тековната офанзива на Москва во Украина, пренесува Анадолу. Во
Go toTop