106 годишна Италијанка им раскажувала на лекарите за својот живот при операција

April 22, 2024
1 min read

На 106-годишна Италијанка успешно ѝ е вграден пејсмејкер. Уште повеќе, при операцијата, таа под локална анестезија им раскажувала на лекарите и медицинските сестри за својот живот.

Интервенцијата ја водел тимот на началникот за кардиологија во болница во гратчето Ченто, северна Италија.

Според д-р Бјаџo Сасонe, пациентката Аиде Боргати била „исклучително свесна“ и во „непроменета психичка состојба“ при оперативниот зафат, пишува „Шеринг ТВ“.

– Нејзиниот жив ум, јасноста на мислата и помнењето се навистина импресивни. За време на операцијата зборувавме за почетокот на нејзиниот живот кој почнал 1918 година, при крајот на Првата светска војна. За мене тоа беше како да отворам историска книга, бидејќи сум вљубеник во италијанската историја на 20 век, изјави д-р Сасоне.

Тој додаде дека, иако претходно работел со бројни постари пациенти, оние на возраст од 106 се поретки. Боргати и д-р Сасоне се збогуваа со надеж дека ќе се видат и за 10 години, заради замена на пејсмејкерот.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДОАЃААТ МНОГУ ПРОСЛАВИ ВО ДОМОТ: Цеца откри кога Анастасија ќе прави свадба, сè е во рацете на еден човек – од него зависи!

Следно

„Полиграф“: Дезинформација е дека освен Ванковска, кандидатите за претседател немаат програма

Latest from Blog

Хујсен уште вечерва ќе потпише за Реал

Дин Хујсен е многу блиску до офцијализација на договорот со Реал Мадрид. Тој вечерва е на прегледи во Лондон и наскоро треба да биде официјализиран неговиот трансфер во редовите на „кралевите“. Претходно

Меѓународна Конференција за решение со две држави за идниот месец, потврди Арапската лига

БАГДАД / АНКАРА (АА) – Висок функционер на Арапската лига денес потврди дека меѓународната Kонференција за решение со две држави за Палестина ќе се одржи во јуни под заедничко претседателство на Саудиска

Додека Мицкоски се фали дека постигнал договор за стратешко парнтерство со Велика Британија, „Дејли Мејл“ ја посочува како земја за мигрантски кампови

Додека премирот Христијан Мицкоски се фали дека постигнал договофр за стратешо парнтерство со Велика Британија, британскиот весник „Дејли Мејл“, објави дека е можно на македонска територија да „никне“ камп за мигранти. Мицкоски
Go toTop