За европските глобални планови требаат пари што никој ги нема

April 21, 2024
2 mins read

Меѓу сите ветувања што ги дава Унијата, дека ќе остане релевантна во светот, дека нема да биде поразена од субвенциите што по дома ги делат САД и Кина, дека ќе биде зелена економија, ниту еднаш не се спомнува дека Унијата ќе почне да вади пари од под перница за да ги финансира овие работи.

„Ова е затоа што сите ЕУ лидери знаат дека: веќе се извадени сите пари што беа под душекот,“ пишува магазинот Политико.

Последниот договор што го објавија европските лидери работи на веќе стандардно прокламираното засилување и обединување на европските економии, инфраструктура и финансии, за да може да се натпреварува на глобална сцена и би требало да биде лек за сите проблеми на Унијата.

Тоа што не се знае е „како Европа ќе плати за сите овие амбиции, додека во исто време ќе ги решава заканите што и се пред врата.“

„За компетитивна, зелена Европа ќе бидат потребни илјадници милијарди евра инвестирани во период од неколку децении. Според заклучоците од самитот ќе бидат потребни јавни пари за да се привлече приватен капитал. Меѓутоа европските престолнини не се волни да му дадат на Брисел уште пари, и да преземат дополнителен долг или да наметнат нови европски даноци.

Неодамнешната ревизија на европскиот буџет покажа дека на блокот му снемуваат пари откако се соочи со глобална епидемија, војна пред својот праг и структурно високи цени на енергија проследени со глобалното намалување на економијата. Згора на тоа популацијата на ЕУ деценијава би можела да почне да се намалува што дополнително ќе ја повлече надолу економијата.

Оваа комбинација неизбежно е закана за големите планови на Европа,“ смета Политико.

Пример, Зелената агенда која беше главен приоритет на ЕУ за трошење пари во изминативе четири години, сега се бори за внимание и пари соочена со притисокот од САД Унијата да почне повеќе да одвојува за војната во Украина и константните апели за помош од Киев.

Во исто време самата ЕУ проценува дека до 2030 на Европа ќе и требаат над 1.500 милијарди евра годишно само за покривање на загадувањето од фосилни горива кои произлегуваат од енергетскиот и транспортен систем на Унијата.

„Европа ќе се соочи со еден вид невозможен триаголник.

Од една страна сакаме да ја забрзаме нашата зелена транзиција и да бидеме конкурентни додека го правиме тоа, од друга, сакаме да го зголемиме трошењето на одбрана, а од трета сакаме да сме фискално конзервативни,“ објаснуваат од бриселскиот Бројгел тинк-тенк.

Процената на ЕУ дипломати е дека одбранбената и зелената агенда на ЕУ ќе си крадат пари една од друга. Пример, Фондот за стратешки технологии, кој треба да ја унапреди чистата технологија, беше намален од 10 на само 1,5 милијарди евра, а разликата беше префрлена на одбрана.

Минатата недела Европската инвестициска банка им порача на министрите за финансии дека ќе го зголеми и забрза позајмувањето пари за одбранбени проекти, притоа инсистирајќи дека за сметка на тоа нема да страдаат нивните климатски приоритети.

Надежта е дека ЕУ ќе треба да се позајми пари за проектите за одбрана, додека парите за Зелената агенда ќе дојдат од пазарот. Ова го отфрли првиот човек на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол, кој порача дека „не може сè да оставиме на пазарите.“

Еден од излезите се гледа во една деценија стариот план на Европската комисија за Унија на пазари на капитал, кој во основа предвидува користење на заштедите на Европејците за зајакнување на приватните инвестиции низ Унијата. Овој план има поддршка од Франција и Германија, но не е по мерак на помалите финансиски пазари како Холандија, Ирска, Луксембург, кои се плашат дека тоа ќе значи доминација на големите две.

Споредувајќи ја ситуацијата на ЕУ со Титаник, европски дипломат објаснува дека „бродот тоне, а ние се бориме за тоа кој ќе биде во прва класа а кој во втора. Можеби наместо тоа треба да пробаме да го спречиме тонењето на бродот.“

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Аларм на вработените на клиниката за токсикологија

Следно

„КРАФТВЕРК“ ЌЕ ИМА КОНЦЕРТ ВО БАРОКНАТА ОПЕРА СЕМПЕР ВО ДРЕЗДЕН

Latest from Blog

Да се стави крај на македонскиот маратон кон Брисел, побара Сиљановска од Манјл-Рајсингер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова остварила средба со Беате Мајнл-Рајсингер, сојузна министерка за европски и меѓународни работи на Република Австрија, на којашто македонската претседателка укажала на потребата од ставање крај на македонскиот маратон кон

Рама објави видео – десетици ракувања со европските лидери, само Мицкоски го нема

Тирана беше домаќин на самитот на Европската политичка заедница и на едно место ги собра сите значајни европски лидери. Домаќинот на самитот, албанскиот премиер Еди Рама утрово објави видео од приемот на

Израел уби 6 Палестинци, уништи домови во повеќе делови на Појасот Газа

ГАЗА / АНКАРА (АА) – Во израелски воздушни напади убиени се шест Палестинци, повредени се неколку други рано утрово низ различни делови на Појасот Газа, јавува Анадолу. Медицински извор за Анадолу изјави

Лосон: Нема да се прифаќаат мигранти од Британија, ова е широко партнерство

Британскиот амбасадор Метју Лосон на заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски во Влада, ги демантираше сите тврдења и шпекулациите на медиумите. Тој јасно рече дека со стратешкото партнерство не станува збор за прифаќање

Планинска еко акција на врв Лако Сигној – Национален парк Галичица

Членовите на Алпинистичкиот клуб ПАТАГОНИЈА – Охрид спроведоа голема еко акција за расчистување и обновување на врвот Лако Сигној (1984 м.н.в.) во Националниот парк Галичица. По неколкугодишно планирање и со помош од
Go toTop