Српското собрание ја продолжува расправата за Косово

February 3, 2023
1 min read

Лидерите на пратеничките групи на владејачкото мнозинство и на опозицијата вчера ги изнесоа своите ставови, а тензичната дискусија во еден момент прерасна во инцидент во кој дојде до судир на пратениците на власта и опозицијата

Пратениците на српскиот парламент од денеска во 11 часот ќе ја продолжат специјалната седница посветена на Косово, на чиј дневен ред е извештајот на владата за преговорите со Приштина во периодот од 1 септември 2022 година до 15 јануари 2023 година.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, презентирајќи го извештајот, вчера рече дека целта на расправата е да се отвори разговор за најтешките работи со кои се соочува земјата, а не префрлање на одговорноста.

Вучиќ претстави и план од десет точки за политиката на Србија во наредниот период. Тој зборуваше за т.н. француско-германски предлог и притоа ја истакна точката 4 како особено тешка. Точката предвидува дека Србија нема да се спротивстави на членството на Косово во ниту една меѓународна организација.

Лидерите на пратеничките групи на владејачкото мнозинство и на опозицијата вчера ги изнесоа своите ставови, а тензичната дискусија во еден момент прерасна во инцидент во кој дојде до судир на пратениците на власта и опозицијата.

Вчеравечер неколку десетици граѓани протестираа пред собранието на Србија барајќи парламентот да не го поддржи потпишувањето на француско-германскиот предлог ниту кој било друг што на кој било начин би претставувал признавање на самопрогласената независност на Косово.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Општина Илинден ги замени старите вакуум пумпи во пумпната станица Јурумлери

Следно

Фон дер Лајен: Русија ќе ја плати цената за војната

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop