Општина Илинден ги замени старите вакуум пумпи во пумпната станица Јурумлери

February 3, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и директорот на ЈКП „Водовод“ од Илинден, Ивица Трипуновски денеска направија увид во пумпната станица Јурумлери, каде беа заменети старите вакуум пумпи за гасно хлорирање на водата во оваа пумпната станица.

Како што истакна градоначалникот Георгиевски, старите дотраени пумпи беа заменети со нови енергетско ефикасни, со кои се постигна поголем квалитет во водоснабдувањето. Беше заменета целокупната опрема за хлорирање и реновирање на хлорната станица.

– Со поставување на новите пумпи се создадоа услови за комплетно поврзување на сите извори на вода во пумпната станица Јурумлери со системот за дезинфекција на водата со гасен хлор, стои во соопштението од општина Илинден. 

Замената на старите и дотраени пумпи е во рамки на проектот „Модернизирање и проширување на водоводниот систем“ со цел обезбедување на стабилен и оптимален проток на чиста, квалитетна и здрава вода за пиење за сите жители.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Финска и Шведска одлучни во пакет да влезат во НАТО

Следно

Српското собрание ја продолжува расправата за Косово

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот
Go toTop