Српското собрание ја продолжува расправата за Косово

1 min read

Лидерите на пратеничките групи на владејачкото мнозинство и на опозицијата вчера ги изнесоа своите ставови, а тензичната дискусија во еден момент прерасна во инцидент во кој дојде до судир на пратениците на власта и опозицијата

Пратениците на српскиот парламент од денеска во 11 часот ќе ја продолжат специјалната седница посветена на Косово, на чиј дневен ред е извештајот на владата за преговорите со Приштина во периодот од 1 септември 2022 година до 15 јануари 2023 година.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, презентирајќи го извештајот, вчера рече дека целта на расправата е да се отвори разговор за најтешките работи со кои се соочува земјата, а не префрлање на одговорноста.

Вучиќ претстави и план од десет точки за политиката на Србија во наредниот период. Тој зборуваше за т.н. француско-германски предлог и притоа ја истакна точката 4 како особено тешка. Точката предвидува дека Србија нема да се спротивстави на членството на Косово во ниту една меѓународна организација.

Лидерите на пратеничките групи на владејачкото мнозинство и на опозицијата вчера ги изнесоа своите ставови, а тензичната дискусија во еден момент прерасна во инцидент во кој дојде до судир на пратениците на власта и опозицијата.

Вчеравечер неколку десетици граѓани протестираа пред собранието на Србија барајќи парламентот да не го поддржи потпишувањето на француско-германскиот предлог ниту кој било друг што на кој било начин би претставувал признавање на самопрогласената независност на Косово.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Општина Илинден ги замени старите вакуум пумпи во пумпната станица Јурумлери

Следно

Фон дер Лајен: Русија ќе ја плати цената за војната

Latest from Blog

КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА, НО НЕ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ: Поранешната кошаркарка се соблака на „Онлифанс“ за да го прехрани синот, порано продавала облека, но не било доволно!

Милица Дабовиќ некогаш беше позната како успешна кошаркарка на српската репрезентација, но денес нејзиниот живот доби

УЕФА ја казни Барселона

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за