Денеска сончево и топло, од вторник заладување и дожд

April 13, 2024
1 min read

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 29 степени.

До почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во вторник во текот на ноќта, а особено во среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме проследени со грмежи и силен ветер. Температурите од среда ќе бидат во опаѓање.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почина италијанскиот моден дизајнер Роберто Кавали

Следно

Карлос Алкараз ќе ја брани титулата на турнирот во Барселона

Latest from Blog

Што прави власта за женските права

Под мотото „Жените громогласни за Македонија“ денеска во Градскиот парк во Скопје  се одржа 20-тата Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Истрајноста во борбата за правата и интересите на жените

Турскиот министер Фидан го поздрави растечкиот моментум во односите меѓу Турција и Саудиска Арабија

ИСТАНБУЛ / АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес го пофали растечкиот моментум во односите меѓу Турција и Саудиска Арабија, нарекувајќи го производ на „визијата на нашите лидери“,

Израелската армија започна „опсежна копнена операција“ во Газа

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија започна „опсежна копнена операција“ во воено разорениот Појас Газа, соопшти денес војската, пренесува Анадолу. „Во текот на изминатиот ден, (армиските) трупи на ИДФ од Јужната команда, и

Мицкоски вели дека пријателите го советувале „да го откачи брзо Таравари бидејќи сака да седи на две столици“: Срамот е кај него!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ му порака среќа на Арбен Таравари, лидер на Алијанса за Албанците која излезе од Владата. Како
Go toTop