Пад на оценката на Фридом Хаус за земјава

April 11, 2024
1 min read

Македонија е „цикличен хибрид“ заедно со Црна Гора во однос на правото и борбата со корупција. Фридом Хаус го објави годинашниот извештај за земјите од целиот свет. Транзициски, „цикличен хибрид“ е систем во кој смената на власта и елитите оневозможува да се донесат клучни структурни промени, односно реформи.

Македонија назадувала во демократијата.

„Рејтингот за судска рамка и независност се намали од 3,25 на 3,00 поради лошото работење на Државниот судски совет и наводите за непотизам при именувањата на обвинители и судии“, се вели во извештајот.

Се додава и дека рејтингот за корупција се намалил од 3,25 на 3,00 поради голем број наводи за корупција против високи функционери, како и поради измените во Кривичниот законик со кои се намалија казните за корупција и доведоа до отпуштање на случаи против поранешни и сегашни владини функционери.

Како резултат на тоа, збирната оценка за демократија на Македонија се намали од 3,86 на 3,79. Процентот на демократија изнесува 46,43 проценти.

Фридом Хаус нваедува дека „судството и понатаму е една од најкритикуваните и најнедоверливи институции во Македонија“. Извештајот ги споменува контроверзите околу смената на лидерот на Советот на судии, но и други скандали.

„Дополнително, назначувањето на нови обвинители и судии со семејни врски со истакнати политичари ги зацврсти перцепциите на јавноста за непотизам во судството“, се вели во анализата.

Извештајот се осврнува и на поголемите корупциски скандали во изминатите години како што е скандалот со клиниката на Онкологија, пожарот во модуларната болница во Тетово и други скандали.

Се спомнува и воведувањето на измените на Кривичниот законик која била „рационализрана“ со процедура во која се користи европското знаменце, а овие измени, според Фридом Хаус, биле „неочекувани“ и предизвикале јавен бес кај домашната јавност.

Фридом Хаус забележува дека во Македонија има зголемена политичка тензија меѓу власта и опозицијата поради уставните измени и бугарското вето, но дека таа теннзија почнала уште од усвојувањето на Преспанскиот договор од 2018 година.

„Слободата на изразување генерално се почитува, но медиумскиот пејзаж останува значително фрагментиран, вклучително и по етничка линија. Новинарите, особено оние кои известуваат за корупција и злоупотреба на власта, продолжуваат да се соочуваат со малтретирање и други предизвици“, се вели во извештајот.

Извор: alsat.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ни доаѓаат два големи празници пред Велигден- ова се обичаите

Следно

Премиерот Туск: Полска не го прифаќа законот на ЕУ за прераспределба на мигранти

Latest from Blog

Мицкоски најави големи промени во партијата и во Владата: Ќе се разрешуваат сите оние кои “ќе не посрамотат како структура и како луѓе“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави големи промени во партијата ВМРО-ДПМНЕ, но и во Владата. Како што вели, примерот за промени мора да го дадат токму они. „Најавувам дека веднаш по редовиот конгрес

Уапсен охриѓанец осомничен за грабнување – барал пари за ослободување на семејство

На 18.05.2025 во 00.50  часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Свр Охрид го лишија од слобода А.Д.(33) од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело „грабнување“ по член

ПЛИКОА И РАЗГЛЕДНИЦИ СО 66 НАРОДНИ ХЕРОИ ОД НОБ ИЗДАДЕ СОЈУЗОТ НА ФИЛАТЕЛИСТИ ЗА 75-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ

Пликови и разгледници со ликовите на 66 народни херои издаде Сојузот на филателистите на Македонија, како дел од повеќегодишниот филателистичко-историски проект „Народните херои од Народноослободителната борба од Македонија 1941-1945“. Димитар Белчев, претседател
Go toTop