Алвеш останува на слобода: Осуден е за силување, со милион евра си плати ослободување

April 10, 2024
1 min read

Поранешниот репрезентативец на Барселона и Бразил, Дани Алвеш ќе остане на слобода откако судот во Барселона денеска ја одби жалбата на обвинителството. Тој беше осуден на 4 и пол години затвор за силување, но беше ослободен пред неполн месец откако плати гаранција од милион евра. Пет дена му требаа да ги собере парите за ослободување.

Алвеш беше ослободен на 25 март од затворот Брајанс 2 во Сан Естебан Састровирас, 40 километри северозападно од Барселона.

Бразилецот помина повеќе од една година во притвор откако беше обвинет од млада жена за силување ноќта меѓу 30 и 31 декември 2022 година.

На Дани Алвеш му се одземени двата шпански пасоши и му е забрането да ја напушта земјата. Исто така, му е забрането да се приближува на повеќе од еден километар од домот и работното место на жртвата или да иницира контакт со неа. Поранешниот фудбалер мора да се појавува секој петок на суд во Барселона.

За време на судењето, 40-годишниот Бразилец остана на верзијата дека сексуалниот чин со жената бил консензуален, но неговата одбрана била отежната поради честото менување на сведочењето. (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нивото на водата во реката Урал во близина на градот Оренбург достигна 10 метри

Следно

Мили отвори клуб за свој мерак: Композиторот сам пушташе музика, еве колку и кои гости дојдоа (ФОТО)

Latest from Blog

Мицкоски вели дека пријателите го советувале „да го откачи брзо Таравари бидејќи сака да седи на две столици“: Срамот е кај него!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ му порака среќа на Арбен Таравари, лидер на Алијанса за Албанците која излезе од Владата. Како

Двајцата кандидати гласаа во вториот круг од претседателските избори во Романија

Двајцата кандидати во вториот круг од претседателските избори во Романија, крајниот десничар Џорџе Симион и независниот кандидат, градоначалникот на Букурешт Никушор Дан, гласаа на изборите. Симион дојде на избирачкото место заедно со

Ратко Радовановиќ и Пау Гасол нови членови на кошаркарската Куќа на славните на ФИБА

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) на свечена церемонија во Бахреин прими седум нови членови во своја Куќа на славните, меѓу кои најзвучни имиња се легендарниот југословенски кошаркар Ратко Радовановиќ и двократниот НБА првак,
Go toTop